(Не) ги сакаме мажите за шефови!
Едно истражување вели – жените се за жените најлоши шефови. Несоница, стрес, главоболка, стомачни тегоби, се работи од кои патат многу вработени кои имаат шеф жена. Секако мажите немаат проблем со наредбите било од шеф или шефица, нив им е сеедно. Со право прашуваме – зошто секогаш жените комплицираат?
Но можеби и не. Големиот минатогодишни хит ,, Ѓаволот носи Прада″, е поттикнат од вистински случувања. Авторката на бестселерот, по кој е сниман филмот, Лаурен Веисберг, многу добро знаела за што пишува. Ана Винтур, уредник на списанието Вог, година време била нејзина шефица од ,,соништата″. Сценариото на филмот е женска реалност.

Но, сепак една од причините зошто жените сакаат мажи за шефови, е традицијата да се одбира маж за водечко место, а таа сурова вистина ја осетиле на своја кожа и кандидатките за претседател: Хилари Клинтон и Сеголен Ројал.
На вработените им одговараат карактеристиките на шефовите иако се агресивни и бараат многу, додека пак од шефиците очекуваат емоционална поддршка.

Проблемот настанува кога наидуваат на ,,тврд камен″ и не успеваат да изградат пријателски однос со надредениот. Најболна е ситуацијата кога шефиците ги деградираат способните вработени, секако заради сопствен интерес.

Но, нели е жената на жена најголем непријател?!
Една од теориите вели дека тоа е единствен начин жените да опстанат во денешниот суров машки свет.
|