Огорченоста: Отров што не труe од внатре
Огорченоста е број еден уништувач на љубовните врски. Се јавува затоа што поединците не се во состојба да се помират со неправдата која им се нанесува. Огорчениот маж е непривлечен маж!
Мажот мора да работи на себе за да остане конкурентен на љубовниот ,,пазар″. Во малите градови можеби и не е потребно голем труд, но метрополата е немилосрдна: или ќе се трудиш или ништо од тебе. Конкуренцијата е навистина голема, а секоја привлечна девојка има повеќе обожаватели кои се спремни да направат се' за да ја освојат. Освојувањето на девојките денес многу потсетува на капитализмот: службени правила не постојат, а кој е најсреќен добива награда.  Од еднаш се' станува важно: изгледот, особините и заводничките техники. Ако не сте во состојба да го освоите женското срце со години, тоа и веќе не е изненадување, имајки ја предвид конкуренцијата, но затоа треба нешто да промените. 
Секако, кога се во прашање промените, треба да се почне од самиот себе и сопствената глава. Негативниот став спрема околината и емоциите кои одат заедно со таквото размислување, водат кон ,, вечна суша″. Било каков труд би бил залуден, ако тој став не биде променет.
|