Стереењето е болест и може да се излечи!
За тоа се зборува со децении, но др.Николас Перицон сега одговорно тврди ,,стареењето е болест и може да се излечи″. Лекарот чии клиенти се Џулија Робертс, Ума Труман и Кеит Бланшет, предлага нови методи против стареењето.
Тој има сосема различен медицински пристап од своите колеги дерматолози. Додека повеќето од нив последиците од стареењето ги гледаат како неизбежен процес во животниот циклус, др.Перицон верува дека стареењето е болест, а како такво може да се излечи. Перицон не тврди дека го поседува еликсерот на младоста, туку дека може да го сопре процесот на стареење. Во тоа ги има уверено и своите VIP клиенти, Кеит Бланшет, Џулија Робертс, Ума Труман и Ким Кетрел. Прв пат др.Перицон бил на насловните страни на весниците кога ја објавил книгата ,,The Wrinkle Cure and The Perricone Prescription″ во која докажува како со исхрана која вклучува протеинска храна, лосос и разна зрнеста храна, може да се постигне млад изглед и тоа само за три дена. 
Таква дијета богата со есенцијални киселини и антиоксиданти е еден од клучните елементи на перицоновиот пристап. Останатите два принципа се додатоци во исхраната, појак антиоксидант и темелна нега на кожата. 
Перицон не застанал овде. После осумте објавени книги и многуте истражувања, продолжил да работи на истражувањето на процесот на стареењето. ,,Со минувањето на годините го губиме поткожното ткиво и мускулната маса, поради што кожата ја губи еластичноста. Стареењето не е многу важно за брчките, тие се само додатна појава на губењето на ткивото″, вели др.Перицон. Многу лекари, естетски хирурзи и дерматолози, решение наоѓаат во инекции од ботокс, како превентива од стареење. Но таквите постапки се поврзани и со финансиите – скапи се и краткотрајни.
,,Мислам дека луѓето треба да го употребуваат својот разум″, констатира лекарот. Всушност, кога во лицето ви ставаат ботокс или некој друг препарат, вие нема да имате брчки, но ќе го растегнете лицето и нема да изгледате младо. Само ќе бидете без брчки, додека вашето лице и понатаму ќе биде опуштено и немладо. За тоа постојат и други начини. А тој друг начин е Перицоновиот последен мастер план – неверојатен пристап во четири чекори, кои ќе ви го подари изгледот кој го сакате и тоа без игли или хируршки нож. Се работи за диетална програма, мускулна стимулација, ласерска терапија и правилна нега на кожата. И што е најважно- целиот процес трае од 8 до 12 недели, а резултатот е 10 години млад изглед. 
|