
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Бев во врска со К. Роналдо исклучиво поради секс
Нерида Гаљардо веројатно никогаш немаше да стекне светска слава да не беше во врска со Кристијано Роналдо. Сега кога веќе е славна, не сака да замине во историја и постојано изјавува некој детаљ за поранешното момче.
Во последниот јавен настап Нерида сакала да ги објасни причините зошто била во љубовна врска со португалскиот фудбалски репрезентативец:
"Беше добар во креветот, затоа бев со него" - изјавила Нерида, додавајќи:
 "Беше крајно кукавички што се одлучи да ми раскине со порака преку телефон. Но, мислам дека и неговата мајка има вмешано прсти во тоа. Таа сака да манипулира со него."
Инаку, на Нерида, Манчестер баш и не и се допаднал.
"Ноќните клубови затвораат рано, па се забавуваме играјќи 'PlayStation', гледајќи филмови и водејќи љубов."
На прашањето колку вистинска и цврста била нивната љубов, поранешната девојка на Роналдо не знаела точно да одговори.
"Му бев верна во текот на нашата врска, а дали и тој мене ми беше, не сум баш сигурна. Пронајдов некои пораки на шпански јазик во неговиот телефон, по што се посомневав во тоа дека сум му единствена."
Роналдо преку својот портпарол не видел потреба да го коментира последниот јавен настап на неговата летна љубов.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|