Наоми Кембел ја менува верата
Британската манекенка е спремна да ја промени својата религија поради своето момче, русинот Владислав Дороњин, како би можеле да застанат пред олтар. Венчањето би требало да се одржи многу бргу.
Според руските медиуми, Дороњин, еден од најбогатите луѓе на светот, пред една недела побарал од Наоми да го прифати православието, за да можат да се венчат. А се зборува дека свадбата ќе се случи наредниве неколку месеци. Наоми и Владислав се запознале на филмскиот фестивал во Кан, и оттогаш се нераздвојни.
|