Парфем против стареење? Да, и тоа постои!
Парфем против стареење? Нема никаков мирис и боја, и се наоѓа во мало стаклено шише.
Тоа е последната понуда од лабораторијата на младоста на др. Николас Перицон. Парфемот чини 215 фунти за 25мл, или ако сакате една капка ќе ве чини 5 фунти. Практично речено anti-age парфемот не е воопшто парфем и не треба да ставате од него насекаде по телото. Впрочем, капка од парфемот нанесете над устата и почекајте додека вашето чувство не се изостри. Ќе осетите како ве напушта стресот, а самодовербата расте. ,,Neuropeptide Synergy″ е името на чудесниот парфем, кој е класифициран како anti-age (против-години) ароматска терапија, а тоа го прави така што го ,,носи″ феромонот до мозокот и делува позитивно на емотивната состојба. Стресот делува лошо на имунолошкиот систем и сте изложени на разни болести, па парфемот делува така што ги редуцира последиците од стресот, ја враќа општата состојба и со тоа делува anti-age. Перицоновиот ,,чудесен парфем″, наводно делува и иако е многу скап, го користат многу. Освен тоа корисниците тврдат дека после нанесувањето на парфемот, навистина се чувствуваат подобро. ,,Паметен″ парфем? Па, очигледно е време и за тоа.
|