
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
До совршен изглед во долна облека
Дури и огромните гаќички на Бриџит Џонс можат да бидат секси под вистинско светло, тврди Дита Фон Тис. Не верувате? Еве неколку совети од најпознатата стриптизета.
Придушено светло
 Тајната на добриот изглед во долна облека се крие во доброто светло. Токму светлината е најважниот дел од секоја бурлеска програмата. Најласкавото светло е нежно розово. Големата светлина може да изгледа грубо и никако нема да ви помогне.
Долна облека која совршено ви прилега
Градникот треба совршено да ви стои. Ако градникот на грбот ви стои превисоко, тогаш побарајте помал број, а ако не сте сигурни кој број најдобро ви одговара, не срамете се и прашајте во продавницата за долна облека кој е вашиот број.
Што да барате?
Во долната облека треба да се чувствувате удобно, а телото во него треба да изгледа подобро. Едноставно не залажувајте се со нешто што добро изгледа на закачалка, а пак на вас не изгледа така добро. Ако не му одговара на обликот на вашето тело, тогаш е бескорисно.
Боите на виножитото
 Не плашете се од боите! Нежните бои на свилата под секојдневната облека изгледаат совршено. Ако барате неутрални бои за облеката во боја, пробајте ја розовата или ледено сината, наместо вообичаената бела. Никогаш не можете да згрешите со црна тантела. Тоа е нешто што секоја жена мора да го поседува.
Места за дишење
Нема ништо полошо од претесна долна облека. Не трудете се да влезете во помал број, особено кога постојат поголеми и поудобни. Освен тоа, секогаш отстранете ја етикетата, советува Дита Фон Тис.
Промената е најважна
Експериментирајте со различни стилови. Понекога е одлично да носите танга, но има денови кога едноставно ви прилегаат големите гаќи изработени од интересен материјал, кои исто така изгледаат секси.
Затоа што вие тоа го заслужувате
Не плашете се да си попуштите самите на себе. Жените мислат дека само црната тантела и црвениот сатен ги возбудува мажите, во продавниците постојат огромни оддели со голем избор на памучна долна облека, која секоја жена треба да ја поседува.
Внатрешна промена
Престанете да ги истакнувате своите недостатоци. Ако некој мисли дека има совршен задник, не велете им дека грешат. На крај, самодовербата е тоа поради кое изгледате уште посекси. Кога сте задоволни со самите себе си, тогаш тоа и другите ќе го забележат.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|