
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Убавината и екстрeмната козметика
Мазна кожа на лице, полни усни и отсуство на бори, атрибути на вечната младост и убавина, видени низ призмата на Холивуд. Иако стареењето е сосема нормален просец, се поголем е бројот на луѓето кои се одлучуваат да легнат под нож се со цел да ги отстранат од лицето трагите на времето.
 За оние со плиток џеб, на полиците на продавниците можете да најдете најразлични креми, лосиони и други козметички препарати чина „единствена комбинација на состојки“ навистина помага при создавање на совршената кожа.
Но, постои и побрз (донекаде и поскап) начин со кој навистина, барем привремено се добива „инстант“ лице. Станува збор за таканаречените методи на „екстремната козметика“.
 Еден од најпопуларните третмани денеска е таканаречената ботокс терапија. Станува збор за инјекции кои се вбризгуваат во близина на мускулите и создааваат ефект на пеглање на брчките. Дејството на инјекцијата три-четири месеци, после што доколку сакате можете да направите нов ботокс третман. На прв поглед, ова е речиси идеален начин, без оперативни зафати да се подобри изгледот на лицето. Ѕвездите, како што се Мадона или Кајли Миног повеќепати го користеле овој третман, барем според пишувањата на таблоидите.
 Сепак, постои и темна страна на огледалото. Ботоксот се прави од токсинот ботулин, материја која ја лачи бактеријата Clostridium botulinum. Овој токсин е предизвикувач на тешкото заболување ботулизам. Употребата во мали количини и за козметички зафати не мора да биде опасно, но само под одредени услови. Премногу честото повторување на третманите, како и употребата на поголеми дози од дозволените може да го оштети мускулот и да предизвика негова атрофија. Во најлоши случаи се нарушува мимиката на лицето, што секако изгледа многу понепријатно од неколкуте брчки околу устата или очите.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|