недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / (Wo) man

Особини на успешен заводник

Сонот на секој маж е да биде привлечен и неодолив. Но, за да бидете „барани на пазарот“, треба малку да се поработи.

,, Немој да се нервираш. Вистинската девојка ќе ти дојде кога најмалку се надеваш?, е реченица која сите ја имаме слушнато повеќе пати во животот. Во неа се крие голема опасност. Се работи за заблуда, чија функција е од мажите да направи пасивни луѓе. Не треба да верувате на оваа фраза, зошто така светот едноставно не функционира. Ништо не паѓа од небото и за се треба да се поработи. Ако сакате да бидете успешен освојувач на женските срца, треба сериозно да ја разберете мисијата.  

За полесно да ги заведете жените, најпрво е потребно правилно да ги поставете работите во вашата глава. Успешниот заводник го красат одредени психички особини, без кои ниту едно приближување на жена не делува уверливо:

1. Самоувереност – Самоуверените мажи уште во почетокот имаат голема предност пред останатите. Кога е во прашање заведувањето, верувањето во себе е многу важно. Без него е многу тешко да и пријдете на девојка која ви се допаѓа. Верувањето во себе ве штити од кобната пасивност. Без акција нема игра, а без игра нема ни успех.

2. Одлучност – Не е доволно да сте самоуверени. Мора да имате и одлучност играта да ја спроведете до крај. Одлучните луѓе најчесто го добиваат она што го сакаат, додека неодлучните креват раце, чекајќи да им падне нешто од небото. Одлучноста е поврзана и со самиот крај на играта. Многу е полесно да дојде до првиот бакнеж, маж кој е одлучен.

3. Упорност – Заводничката мисија содржи многу препреки, кои треба да се поминат за да се дојде до целта. На тој пат, разочарувањето е честа појава. Многу мажи ќе завршат со скршено срце кога ќе видат дека нивниот труд бил за ништо. Само упорните мажи се во состојба да ги поминат проблемите и да дојдат до заслужениот љубовен триумф.

4. Комуникативност – Да знаете да зборувате со жените и да бидете интересен, е голема предност пред конкуренцијата, но уште поважно од тоа е говорот на телото. Став, поглед, бојата на гласот, физички контакти – се е важно.

5. Доминантност – Успешниот маж доминира кога е во друштво на жена. Тој го води разговорот, ги донесува важните одлуки, поседува моќ на убедување. Повеќето жени се пасивни. Тие сакаат кога мажите ќе ги земат работите во свои раце. Сепак, важно е да се потенцира: доминантноста мора да биде суптилна и лесно прикриена. Тенка е линијата помеѓу суптилен доминантен и наметлив маж. Поради тоа е најдобро да бидете доминантни исклучително во важни критични моменти, а во  остатокот од времето нека владее рамноправноста. Тоа секоја жена дефинитивно ќе го цени.

6. Оптимизам – Негативниот став кон светот, не води никаде. Не само што како таков ќе ја иритираш околината, туку нема да бидеш во состојба да се бориш за себе. Оптимистички човек полесно ќе најде начин како да ги помине проблемите, што е во љубовната сфера доста важно.

7. Опуштеност – Ако не сте нервозни, ќе имате многу повеќе шанси да ја заведете саканата жена. Нервозата може да се забележи, а жените не сакаат мажи кои се импресионирани. Важно е на вашата заводничка мисија да не гледате премногу сериозно, и да знаете заведувајќи да се забавувате. Ако доживеете пораз, не е крај на светот. Ќе имате уште многу прилики за триумф. Оние кои не се оптеретуваат со последиците од нивните постапки, нема да упаднат во емоционална криза и ќе одржат добра форма за подолго време. Безгрижните луѓе имаат повеќе шанси да бидат успешни заводници.

8. Ладнокрвност – Емоционално нестабилни мажи секое лошо љубовно искуство ги фрлаа на колена. Имајќи предвид во каков свет живееме, такви искуства е невозможно да се избегнат, и затоа е важно да се биде цврст и ладнокрвен. Чувствата треба да се исклучат во фазата на запознавање. Срцето не смее да се даде на личност која не го заслужува.

9. Дрскост – Срамежливоста не е добра особина туку е мана, а најмногу кога се работи за освојување на женските срца. Дрските мажи најдобро поминуваат кај жените.

10. Борбеност и победнички менталитет – Борбениот дух е многу важен. Се работи за страст која ве насочува да ги поминете своите граници. Понекогаш е тоа потребно за да дојде до љубовна хемија. Мажите кои  јуначки се борат и уживаат во победата се дефинитивно привлечни за жените.


Наjновo од Стил
Ford го освежи Mustang-от
Бидете во тренд - имајте металик нокти
Lamborghini Gallardo LP560-4 Spyder
Животната приказна на Јуџин Ален
Грците сметаат дека се лоши во кревет
Тинејџерите имаат позаштитен секс од повозрасните
Мажите со лузните се со краток рок
Различна нега за различни типови коса
Како се снаоѓаат жените во економската криза
Разводот убива
Нагли промени на типот на кожата
007 е вонвременска икона на стилот
Славните раскинуваат по СМС
Издепилирајте си го пубисот и не гризете
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи