
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Премиерот ги „укина“ убавиците Трка со чамци како замена за избор на Мис
Со одлука на претседателот на Владата, изборите на најубави девојки се прогласени за залудно трошење пари. - Трка со чамци како замена за избор на Мис
 Пном Пен - Премиерот на Камбоџа Хун Сен овие денови донесе необична одлука: ги забрани изборите на најубави девојки, што во изминатите години во оваа будистичка земја беа чести спектакли, кои го зголемија бројот на кандидатките и влијанието во јавноста, посебно кај медиумите.
Одлуката изненади и разочара многу Камбоџанци, а стигнаа и првите критики на сметка на власта во Пном Пен, која е наречена назадна и сурова, бидејќи како што можеше да се слушне, не е убаво да се забранува убавината.
Меѓутоа, вреди да се потсети дека ваква мерка во Камбоџа била на сила и порано и дека со декретот на премиерот Сен само е обновена старата пракса „живеење без официјални убавици“, во оваа земја во југоисточна Азија.
Необичната одлука беше проследена со необично образложение, во кое изборот на убавиците е поврзан со појавување на несреќи.
Во Декретот на премиерот се потсетува на пожарот во историскиот театар во Пном Пен, кој се случил една година откако во него се одржала приредбата за избор на Мис во 1993 година.

Наложувајќи повеќе да не се одвојуваат пари за избор на најубави девојки, т.е. да запрат натпреварите од овој вид, премиерот Сен, како замена за овој вид на забава, на нацијата и понуди организирање на трка со чамци.
Претседателот на Владата, кој ужива голем углед меѓу сонародниците, уште пред две години имал намера да ги прекине изборите за убавица, водејќи се од идејата дека парите кои се трошат за оваа приредба, би било подобро да се употребат за - развој на земјоделството.
По повод декретот, тој меѓу останатото потенцира дека нови избори за најубави девојки нема да бидат дозволени додека во државата сиромаштијата двојно не се намали. Според официјалната статистика, во Камбоџа до сега во голема сиромаштија живеат 30 отсто од околу 13,5 милиони жители.
Неодамна изборот на убавиците доби значење на важно државно политичко прашање и во Виетнам, првиот сосед на Камбоџа.
Таму овие спектакли не се укинати, но со посебен владин указ прецизирано е како тие треба да се одржуваат и кои можат да бидат кандидатки за лентата на убавина.
„Во изборот за Мис на Виетнам може да учествуваат само Виетнамки меѓу 18 и 27 години, повисоки од 1,6 метри, без пластични интервенции на телото, немажени и со диплома од средно училиште“, стои во Одлуката број 37, која ја донесе Министерството за култура.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|