
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Намaлете ги брчките со хемиски пилинг
Хемискиот пилинг е неагресивна метода која за краток временски рок ги отстранува старите и оштетени ќелии од површинскиот слој на кожата, а истовремено го поттикнува производството на колагенот.
 Токму од овие причини хемискиот пилинг се препорачува за нега на зрела кожа бидејќи има инстант дејство кога станува збор за омекнување и за освежување на кожата. Само еден третман со хемиски пилинг заменува речиси еден месец секојдневна нега со креми и лосиони. Во аптеките и маркетите се нудат и евтини варијанти . Дани тие чинат?
Во основа делуваат исто како и пилинзите кои ги пременуваат лекарите и козметичарите, разликата е само во длабочината на продирање, односно во концентрацијата на киселината која ја содржат.
Купените пилинзи се одлични за блага ексфолијација, особено ако хемискиот пилинг не се користи редовно.
„Ваквиот пилинг ќе ги исчисти порите и ќе ја направи кожата понежна и посјајна. Кога ќе го најдете соодветниот пилинг за вас, користете го два до три пати неделно, ефектот ќе потрае неколку дена“, вели Ами Б. Луис, професор по дерматологија на универзитетот Јејл.
 За да пилингот биде делотворен, средството за пилинг треба да содржи барем 10 отсто киселина како што имаат производите од познатите козметички куќи. Доколку кожата ви е осетлива, тогаш држете се до овошните киселини, кои најчесто се користат и во козметичките салони, или во краен случај, за почеток изберете препарати со помала концентрација на киселина.
Задолжително пред нанесувањето на пилингот направите тест. Најдобро тоа направете го на внатрешниот дел на раката (малото боцкање е ОК, но чувството на горење во ниту еден случај). Имајте предвид дека пилингот кој се продава во продавниците не го решава проблемот, но сепак ќе ви помогне да изгледате подобро.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|