
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Сакам сладолед со мајчино млеко
Хедер Милс се приклучи кон кампањата, произведувачите на сладолед да почнат да користат мајчино млеко во своите производи.
Поранешната манекенка очигледно ја поддржува кампањата на ПЕТА со која се обидува да го натера најпознатиот производител на сладолед „Ben & Jerry“ своите производи да не ги прави со кравјо туку со мајчино млеко.
„Хедер е само еден од двата милиона поддржувачи на оваа идеја, Таа е еден од најголемите поддржувачи на доктор Бенџамин Спок, најистакнатиот американски експерт за грижа на децата, кој тврди дека млекото од кравите создава анемија, алергии, детски дијабетес, проблеми со срцето, како и зголемена телесна тежина“, изјави близок пријател на Милс,
Четириесетгодишната Милс минатата година започна контроверзна кампања со која ја повика јавноста да почне да пие млеко од стаорци.
Заменик извршниот директор на ПЕТА, Трејси Пејман вели дека нивната кампања е последица на извештаите дека сопственик на ресторан во Швајцарије ќе започне во својата храна да користи мајчино млеко.
„Возрасните јадат огромни количини на млечни производи направени од млекото со кое треба да се хранат телињата. Тоа навистина нема смисла“, вели Трејси Пејман.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|