
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Изложба посветена на Грејс Кели
Изложбата „Епохата на Грејс Кели-Принцезата од Монако“ посветена на холивудската актерка и една од најпознатите принцези на 20. век Грејс Кели деновиве е отворена во Москва во Фондот на културата „Екатерина“.
 Изложбата се состои од два дела. Едниот е претставување експонати што се поврзани за нејзиното детство и кариерата во Холивуд, а во другиот е претставен животот на актерката после нејзиното запознавање со Рение.
На изложбата се изложени и голем дел фотографии од нејзината архива, повеќе од 60 нејзини тоалети меѓу кои и венчаницата, накит, колекции и чанти. Изложени се и играчки кои Грејс ги чувала целиот живот и колажи на кои таа сликала.
- „Епохата на Грејс Кели-Принцезата од Монако“ има задача да ја покаже „непознатата Грејс“, рече директорот на Фондот Владимир Семјенихин.
После Москва, изложбата се сели во Рим, па потоа во Амстердам, Токио и други градови.
Грејс Кели е родена во Филаделфија во 1929 година. Кон крајот на 40-тите почнала со студиите во Њујорк на Академијата за драмски уметности. Таа многу рано почна да се занимава со актерство, а нејзиниот талент и убавина не останаа неприметени. Успехот во кариерата следеше после филмот „Точно напладне“, а во 1954 година Кели доби Оскар за улогата во филмот „Провинцијалка“.
Актерката се венчаше за принцот Рение Трети и стана принцезата од Монако. Со него има три деца, синот Алберт Втори и ќерките Каролина и Стефани.
Легендарната актерка Грејс Кели загина во сообраќајна несреќа на 14 септември 1982 година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|