петок, 10.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Стил / (Wo) man

Еден век без секс

Дали некогаш имате чувство дека со години не сте имале секс? Британката Чести Клара Мидмур, во својот 105 годишен живот никогаш немала секс.

Мидмур вели никогаш не ни помислувала на сексот. Кој знае можеби тоа е тајната на нејзиниот долг живот?!

„Никогаш не ме интересирал ниту пак сум го сакала сексот. Претпоставувам дека има многу викање при сексот“, вели Чести Клара Мидмур.

Пензионираната секретарка Клара, која утре ќе наполни 105 години вели дека уште кога имала 12 година знаела дека целиот живот ќе го мине во целибат.

Сексот во нејзино време значело да се омажи, а таа уште во своите школски денови одлучила дека засекогаш ќе остане сама.

„Никогаш не сум имала момче, и никогаш не сум ни размислувала за врска. Во мое време само ако се омажиш можеше да имаш секс, јас не се омажив. Секогаш сум имала платонски пријателства во мажи, но никогаш не почувствував потреба да одам чекор понапред. Кога имав 12 години одлучив да не се мажам и никогаш не го сменив мислењето. Секогаш имав поважни работи за правење. Луѓето ме прашуваа да не сум хомосексуална, одговорот е ’не’“, вели Чести Клара Мидмур.

Ведрата Клара, родена во 1903 година во Глазгов, до својата 97 година сама го одржувала тревникот пред својата куќа. Во својот живот била сведок на потонувањето на Титаник, на почетокот на првата светска војна, на правото жените да гласаат, на падот на Волстрит и Големата депресија, на стапнувањето на првиот човек на Месечината, на раѓањето на првото бебе од епрувета, на создавањето и пропаѓањето на комунизмот.

Клара, која живеела и во Египет, Канада, Нов Зеланд, вели дека неколку пати ја запросувале, но оти сите понуди ги одбивала.

„Израснав во ерата кога девојките беа слика без глас, морав да научам сама да се борам и да се грижам за себе. Некои мажи не сакаа борбени и самостојни жени, кога нештата се сменија јас веќе бев стара за мажење“, вели Мидмур.

Клара, која во моментов живее во старечкиот дом во Корнвил никогаш во животот немала сопствен телевизор, таа отсекогаш повеќе го преферирала радиото и книгите. Својот роденден планира да го прослави со малку вино.

„Можеби тоа што никогаш немала маж кој ќе ја стави под контрола е тоа што ја одржува млада. Таа има хоби и пријатели, тоа е се што и треба“, вели пријателката на Мидмур, 72-годишната Џоси Харви.


Наjновo од Стил
Еден век без секс
Заврши дизајнерскиот натпреват на Peugeot
Со трикови до подобар изглед
Изложба посветена на Грејс Кели
Боја за коса и го уништила друштвениот живот
30 лезбејки затруденети со иста сперма
Ford Fiesta Van наскоро на европските пазари
Сакам сладолед со мајчино млеко
Тајната на бракот на Дејвид и Викторија Бекам
Трка со чамци како замена за избор на Мис
Намaлете ги брчките со хемиски пилинг
Гола за роденденот на Хефнер
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи