петок, 10.09.2010

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Работи кои вашата нова девојка не треба да ги знае

Секој маж има љубовно минато, мали ситни тајни и приватни работи кои на почетокот на врската не сака да ги открие. Дури и во подолгите врски, пробајте некои работи да ги оставите само за себе, истакнува магазинот Askmen, и наведува неколку работи кои никако не смеете да ги спомнете пред својата нова девојка.

Број на љубовниците и сексуалните партнерки

Иако тоа е една од работите со кои се фалите пред пријателите, темата околу бројот на сексуалните партнерки пожелно е да ја прескокнете. Нормално, жените секогаш прашуваат, но не морате баш се да им кажете. Признајте за сексот за една вечер, кафанските авантури и сличните работи само ако се потегнат тие прашања.

Трошоците и висина на платата

Доколку не живеете заедно девојката нема потреба да има увид во вашите финансии, висината на вашата плата или телефонските сметки. Но ако веќе живеете заедно и имате заеднички трошоци ќе морате да ги споделите вашите финансии. Сепак пожелно е некои работи да си останат само ваши, како на пр. девојката не мора да знае колку трошите кога излагате со вашите пријатели или колку е скап вашиот нов мобилен телефон.

Семејните тајни и односот со родителите

И ако имате работа, пријатели и девојка, не мора да значи дека понекогаш не ви требаат родителите, било да се работи за совет, финансиска помош или пак услуга. Немојте на девојката да ја кажувате секоја ситница од вашиот однос со родителите бидејќи таа така ќе има поголема контрола над вашиот живот, нешто што покасно може да биде проблем.

Своите слабости и стравови

Ако пред девојката секогаш зборите дека се плашите од забар, висина или од било што. Така таа ќе помисли дека нема потпора бидејќи девојките секогаш сакаат да чувствуваат дека имаат заштита од својот партнер. Пред девојка, иако не се, глумете јак и храбар маж.

Активности во тоалетот

Голем број на мажи разговараат за активностите во тоалетот, а тоа жените многу ги нервира. Колку пати одите, и зошто одите во ВЦ оставете за себе, бидејќи такви работи никој друг не го интересираат.

Тајни на вашите пријатели

Некои парови редовно трачараат со своите пријатели и нивните врски, но тоа не се секогаш паметно. Ако вашиот најдобар пријател ја изневерува девојката, а вие со него често излегувате, прашање е само на денот кога вашата девојка ќе почне да навалува со бес.

Статистика околу мастурбацијата

Многу мажи кои имаат редовен секс и понатаму продолжуваат со својата омилена навика, секојдневната мастурбација. Самозадоволувањето само по себе не е лошо, но ако тоа секојдневно и го зборите на вашата девојка ќе настанат компликации. Таа може да помисли дека не е доволно добра и дека вие всушност сакате секс со некоја друга.

Поклони и разни работи од поранешната девојка

Дури и ако имате полна куќа работи кои ви се поклонети од старата девојка, тоа немојте да го спомнувате. Причината е љубомората која сигурно ќе се роди ако вие се фалите со подароците од поранешните девојки.




Наjновo од Стил
Тренд 2010 – чорапчиња во есенско издание видео
Патувања кои мора да ги доживее секој маж
Добрите танчари се поздрави и поатрактивни мажи
Како да препознаете лоша пријателка?
Шпионски фотки на Bentley Continental GT
Мали совети за подобар прв секс
Неколку трикови од познатите
Бекамови го продаваат имотот во Британија
Први фотографии: SSC Ultimate Aero II
Најлуксузен авион во светот видео
Пополнетите мажи синоним за добар секс
Откријте ја згодната Дајан Чавез
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи