
|
 |
|
|
Стил / (Wo) man
|
|
Професионални совети за убавина
Се прашувате како да имате совршен изглед на своето лице,а притоа да не одите на професионален шминкер? Еве неколку професионални совети кои што може да ви помогнат во тоа.

Подочници и потеченост
Без разлика дали вашите подочници се од генетска природа или пак од целовечерна забава, можете лесно да ги сокриете. Втапкајте коректор со пожолта нијанса, за да ги прекриете сините тонови, а потоа нанесете пудра во вообичаената нијанса која што ја користите. Покривањето на потеченоста е игра на оптичка илузија. Започнете со крема која содржи честички кои ја рефлектираат светлината. Потоа рамномерно нанесете осветлувачки коректор. Избегнувајте пудра, таа го привлекува светлото и може да ја влоши ситуацијата.
Веѓи
За вашите веѓи да изгледаат дури и подобро од тоа што се, под нив нанесете бел осветлувач во моливче. Така ќе ги прекриете влакненацат акои се надвор од формата. Ако веѓите ви се ретки, исполнете ги со сенка за веѓи.
 Трепки
За впечатливи трепки нанесете малку крема на нив, а потоа додадете маскара за волумен. Понекогаш можете да користите и вештачки трепки, но определете за варијанта која што нема да изгледа премногу вештачки.
Усни
Ако сакате сочни и полни усни, посегнете по лесен и светол сјај:над горниот раб на усните, размачкајте малку осветлувач.
 Тен
Бледо жолтиот тен се покрива со розови нијанси на подлога, при што треба да се фокусирате на челото и јаболкниците. Потоа нанесете пудра или крема во боја која се совпаѓа со бојата на вашата природна кожа. Црвенилото ублажете го со светлосна пудра по средината на лицето.
Ако лицето ви е бело, а преостанатиот дел од телото исончан, нанесете крема за самопотемнување само на лицето и вратот. За моментален ефект користете бронзено руменило.
Истакнете ја природноста, ако немате проблеми со тенот нанесете само малку коректор под очите и финиширајте со минерална пудра за сјај.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|