Таканаречениот „Clawz“ односно „Канџа“ метод е револуционерен начин на потстрижување, измислен од страна на Валентино ЛоСауро.

Станува збор за посебни ножици кои што се ставаат на прстите и се инспирирани од филмот „Едвард раце ножици“ . ЛоСауро до сега продал 30 000 парчиња од овие ножици, а му биле потребни дури две години да го усоврши нивниот механизам. Тој тврди дека овие ножици, кои што се изработени од нерѓосувачки челик, може да ја сечат косата двапати побрзо од класичните ножици.

-Идејата ми дојде уште во доцните деведесетти. Јас сум пијанист и фризер, па затоа сакав да направам комбинација од лесниот допир и потстрижувањето, истакнува ЛоСауро.

Многу од неговите клиенти се вчудоневидени кога ќе го видат со што се подготвува да ја сече нивната коса, но по потстрижувањето се мошне задоволни од постигнатиот ефект.