
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Пејте на дождот
Зимата полека заминува, а пролетта допрва треба да дојде. Сепак, во периодот на нивниот преод ќе има уште многу темни и врнежливи денови кои можеби ќе се обидат негативно да влијаат врз вашето расположение.
 Облеката секогаш е најдобриот избор како да се разведрите и да внесете свежина во навидум тажниот ден. Идеалната модна комбинација за дождливите денови се мантили или капути во светли бои како крем или жолта, интересни црни гумени чизми и необично здолниште или впечатлив фустан.

Задолжително со себе понесете го и својот чадор чија боја воопшто не е важна, но доколку едноставно плачете за внимание може да биде во слична боја како вашата облека.

Вашиот позитивен став и начин на облекување, дефинитивно ќе ви го разведри расположението, а освен тоа ќе бидете забележани во сивилото на дождливиот ден.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|