петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Љубовни афери на Саркози и Бруни

Француската јавност не се занимава толку многу со состојбата на домашната екологија или со судбината на еврото, колку што ја интересира најновата ситуација со бракот на претседателот Никола Саркози и на неговата сопруга Карла Бруни по зачестените тврдења за нивните љубовни афери, пишува лондонски „Дејли телеграф“.

Според весникот, приказните за прељубите што наводно  ги имаат направено претседателот и француската прва дама, од интернет сајтовите и страницата за социјално дружење „Твитер“, каде прв пат се појавија, подоцна се префрлиле и во париските неделници. Во нив се тврди дека Бруни е во љубовна врска со еден француски музичар, додека измамениот Саркози „утеха наоѓа“ во прегратката на министерката за екологија.

За Карла Бруни се пишува дека од поодамна била пријателка со музичарот, но дека сега таа врска се претворила во „нешто повеќе од пријателство“, па дури и дека поради тоа првата дама на Франција од Елисејската палата се преселила во станот на музичарот.

Претседателската палата во Париз одбива да ги коментира пишувањата на весниците, а министерката што се посочува како љубовница на претседателот, која е поранешен француски шампион во карате, демантира и се заканува со судски тужби.

Од првата средба на Саркози со Карла Бруни на почетокот од 2007 година, ова е прв пат да се зборува за сериозна криза во нивниот брак. „Дејли телеграф“ потсетува на една поранешна изјава на Бруни за тоа дека „моногамијата брзо и здосадува“.




Наjновo од Стил
Есенски фризури (прв дел)
„Мадам Бовари“ на насловната страница на Playboy
Грабни ја Кендис и бегај
Први фотографии од Toyota Verso- S
Пет причини за машко-женска кавга
Nike со патики кои се заврзуваат сами
Фантастични станови: Минимализам во Берлин
Полуголата Миранда Кер во 3D фото галерија
Како да го задржите летниот тен?
Четири години затвор за Хилтон - Парис лаже, кокаинот не
Кои моменти остануваат за цел живот?
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи