петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Заработува раскинувајќи љубовни врски

Доколку ви е тешко да ја раскинете љубовната врска, тоа за вас може да го стори 35-годишниот Бредли Лејборман од сојузната американска држава Ајова.

Лејборман избрал да ги извршува „валканите работи“ за неговите клиенти. За одредена сума долари, секако.

Клиентите телефонски можат да го ангажираат да ги раскине нивните врски со партнерите.

Беше убаво додека траеше, а потоа љубовта исчезна. Тоа се првите симптоми за прекин на врската, но иако е тоа лесно за сфаќање, сепак, тешко е да се направи. Да бидеш напуштен, најблаго кажано, е непријатна работа, но има и такви кои едноставно не можат да изговорат „ доста е“ и на партнерот да му кажат дека е дојден крај на врската, објаснува тој.

Решението го нуди Лејборман, кој својата досегашна фрустрација смислил да ја претвори во извор на заработка. Се нафатил да го работи тоа што нему досега најчесто му го правеле партнерките во неговите врски.

Американецот го создал сајтот iDUMP4YU.com, преку кој им се нудел на заинтересираните да го ангажираат за да ги прекинува нивните врски.

За оваа услуга тој наплатувал само 10 долари.

Бредли телефонски ќе ја повикал одредената личност и ќе и ја соопштел тажната вест. Потоа, овие разговори ги „закачувал“ на YouTube.

Реакциите биле различни. Некои мислеле дека е сурово и злобно тоа што на ваков начин заработува пари, а тој, пак, се брани со тврдењето дека всушност извршува корисен јавен сервис.

Овој снаодлив Американец вели дека добива повеќе нарачки од жените, а забележува дека луѓето го ангажираат заради страв, бидејќи не знаеле како да го откачат партнерот.



-Го снимам секој разговор бидејќи никогаш не се знае што ќе се случи. Некои навистина заслужуваат да бидат оставени, бидејќи кога ја прекинувам врската на телефон слушам секакви гадости и затоа мислам дека е добро и останатите да го слушнат тоа што го кажува, вели Лејборман.




Наjновo од Стил
Есенски фризури (прв дел)
„Мадам Бовари“ на насловната страница на Playboy
Грабни ја Кендис и бегај
Први фотографии од Toyota Verso- S
Пет причини за машко-женска кавга
Nike со патики кои се заврзуваат сами
Фантастични станови: Минимализам во Берлин
Полуголата Миранда Кер во 3D фото галерија
Како да го задржите летниот тен?
Четири години затвор за Хилтон - Парис лаже, кокаинот не
Кои моменти остануваат за цел живот?
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи