Совети од лезбијка:

Вака се задоволува жена!

Али Адлер, продуцентка, сценаристка и писателка, а инаку хомосексуалка, одлучила да им помогне на мажите да ги усреќат нивните партнерки и да им објаснат како се пристапува на тоа вечно енигматично и комплицирано женско тело.



Со оглед на тоа што често во разговорите со мажите се среќавала со изјави кои ја натерале да помисли дека тие немаат поима како се задоволува жена, решила да направи еден „хуманитарен проект“, како што таа го нарекува, обликувајќи го во нејзината книга „Како да еб*те жена: Инсајдерски водич низ љубов и врски“.

- Додека јас се сексав со други жени, ти си маструбирал со брзина која е спротивна од онаа која е добра за жените. Затоа, јас сум во предност и време е да го споделам моето знаење, пишува таа.

Како најважни совети, таа ги издвоила следните:



Напади по лицето не се дозволени

Бакнувањето е тест за сексот. Доколку се бакнуваш грозно, мали се шансите работите да отидат подалеку од тоа. Биди нежен, но силен - особено на почетокот. Постави темпо, но обрни внимание на нејзините насоки. Не се залетувај. Твојот јазик не е ровер испратен на Марс, да истражува копајќи по површината.

Нежно допирај и’ ги градите

Галењето е подобро од стискање. Доколку сакаш жената да остане напалена, немој да се фиксираш само на градите бидејќи после некое време тоа ќе почне да ја иритира до точка на повлекување. Престани да и’ ги гмечиш градите цело време, макар и таа да се возбудува на грубост. Бидете понежни, но немојте ни да ја заборавате оваа важна женска ерогена зона.

Внимателно со клиторисот!

Кога го допираш тој нежен дел на женското тело, внимавај рацете да ти бидат чисти, а ноктите уредни. Пристапи му со иста нежност како да подигнуваш буба мара, не сакајќи да ја вознемириш. Не се задржувај премногу на тоа место бидејќи после некое време допирите стануваат болни.



Прво прстите

Прстите нема да го уништат доживувањето кое набрзо ќе и’ го овозможиш со помош на твојот пенис. Напротив, тие ќе ти овозможат тестирање за тоа во која состојба е твојата партнерка. Едноставно – доколку нејзината вагина е влажна, тоа покажува дека е подготвена. Доколку се уште не е, токму пенетрацијата на твоите прсти ќе помогне партнерката да стигне до таа точка.

Оралното задоволување е задолжително

Огромен дел од сексот на жените им се одвива во главата. Понекогаш партнерката нема да може да се опушти заради несигурност или инхибиција. Тогаш треба да настапиш ти. Кога ќе се спуштиш долу, мора да се однесуваш дека нејзината вагина е нешто најдобро што некогаш си го помирисал и вкусил. Покажи дека ти е привилегија да бидеш во нејзината близина.



Забави го темпото

Сосредоточи се на тоа таа да постигне оргазам мислејќи дека си тип на кој му е грижа за тоа. После тој миг, прави што сакаш. Секако, треба во одредени моменти да го засилуваш темпото, но остатокот од времето следи ги нејзините желби. Не може сè да се сведе само на бум-бум-бум, иако и тоа е забавно. Постои и нешто што се вика сензуалност. Токму тоа е клучот за меѓусебно задоволство, а не само еднострано.

Не ги заборавај малите валкани приказни

Како што рековме, главата е најважниот клуч за сексуалното поврзување на жената. Зборувај и’ валкано. Подготви го теренот. Присили ја да обрне внимание на тоа што се случува во тој конкретен момент. Убиј ја нејзината несигурност. Валканите зборови кои стигнуваат до ушите на жената прават чуда за нејзиното либидо.



Слушај ја

На жената најзначајна и’ е предиграта, како и тоа нејзините желби да бидат слушнати и исполнети. Клучот за владеење со кралството на вагината е да слушате и да ги следите инструкциите, некогаш кажани јасно, а некогаш и индиректно, најчесто преку движења, изрази на лицето и слично. Тоа знае да биде тешко, но е клучно за добриот секс. Да, ние жените го сакаме сексот, поточно го обожуваме. Но, доколку направите во тој миг да се чувствуваме лошо, истиот се претвора во кошмар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби