Вистината за машките ерогени зони

Доколку мислите дека само жените имаат повеќе ерогени зони, се лажете. Иако повеќето жени веруваат дека стимулацијата на само една единствена точка на машкото тело ги тера припадниците на посилниот пол да паднат на колена, всушност такви точки има уште шест.



Мажите конечно ја открија нивната тајна и едногласно се изјаснија дека не е само половиот орган нивната слаба точка.

На прво место (после пенисот кој е апсолутен победник на оваа листа) тие ја ставаат устата. На второ место, верувале или не, се аглите на усните. Секој сака да се бакнува, бидејќи тој чин првиот чекор во интимноста со партнерот, но очигледно има многу повеќе во бакнувањето од само допирање со усните. Многу од мажите велат дека токму бакнувањето им е пресудно, бидејќи не можат да се возбудат доколку девојката не се бакнува убаво.

На трето место ја ставаат заедничката ерогена зона – вратот. Многу е мал процентот на оние кои нема да се наежат од глава до пети кога ќе добијат бакнеж во вратот. Мажите додаваат дека најмногу им годи кога бакнежот од вратот ќе се продолжи кон увото.



На четврто место ги ставаат брадавиците. Па така, не се само жените оние кои се возбудуваат од бакнежи по брадавиците.

На петто место се наоѓа долниот дел од грбот и подлактиците. Дури 800 испитаници во Англија и Јужна Африка изјавиле дека обожуваат кога нивната партнерка ќе почне со бакнежи по вратот и ушите, преку брадавиците и подлактиците, па ќе продолжи пониско.

Иако е потполно нормално стапалата да ви се најмалку атрактивни, овој фетиш е сè почест меѓу луѓето. Токму стапалата се наоѓаат на последното, шесто место на ерогените зони кај мажите.

Така, драги дами, кога следниот пат ќе се впуштите во жешка акција со партнерот, не се фокусирајте само на неговиот полов орган, туку со стимулација на сите негови ерогени зони доведете го до возбуда која ќе ја помни за цел живот, а веруваме ќе ја помните и вие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби