Месецот на раѓање го открива начинот на водење љубов

Тој е роден во мај, а вие во август. Се прашувате каков е во креветот? Ѕвездите ви откриваат интересни детали.

Јануари –помалку конзервативни во својот пристап луѓето родени во овој месец не сакаат секс за една вечер. Кога некој премногу им се допаѓа ќе направат сè за да му го привлечат вниманието и да влезат во врска со него. Може да бидат поприлично настрани во креветот во зависност од своето расположение.

Февруари – забавни, но непостојани февруарските деца лесно ќе ве заведат, а уште полесно ќе ве остават бидејќи повеќе не сте им интересни. Водењето љубов им е како детска игра, па ќе биде потребно повеќе време, труд и трпение доколку сакате да ги разбудите нивните емоции.

Март – фантазијата е една од најсилните страни на луѓето родени во март. Кога имаат секс, тоа е многу повеќе од задоволување на потребите. Потполно се посветени на задоволството и уживаат во секој миг поминат со партнерот правејќи го нешто посебно.

Април – на прв поглед мошне независни, но кога ќе го најдат она што го сакаат се врзуваат за него. Сексот е страствен и интензивен, но кога од било која причина ќе го загуби интересот за партнерот лесно може да премине во рутина. Тогаш прашање е само на време кога ќе решат да пресечат и да побараат утеха во нов партнер, односно партнерка.

Мај – родените во мај сакаат удобен и сензуален секс во кој ќе уживаат со сите сетила. Мечтаат за страст во спалната соба и за однос исполнет со емоции. Потешко се опуштаат, но откако ќе го направат тоа на нивната фантазија и нема крај.

Јуни – овие луѓе сакаат да испробаат се во креветот, да ви шепотат безобразни работи, па дури и да бидат перверзни. Тешко е да ги задржите покрај себе, но кога ќе го направите тоа сте добиле партнер кој освен што ќе ве задоволи сексуално целосно ќе му се посвети на домот и семејството.

Јули – помалку каприциозни, родените во јули кријат многу повеќе емоции од колку што можете да претпоставите. Откако ќе се почувствуваат сакани и заштитени, нема што не би направиле во сексот за да го задржат својот партнер покрај себе.

Август – одат од крајност во крајност, или мислат само за себе или се посветуваат. Со нив е можна долга врска, но и безначаен секс за една вечер. Бидејќи имаат нагласено его мошне суетно реагираат кога некој ќе им предложи да сменат нешто во сексот.

Септември – страстите и длабоките емоции се скриени под фасада на приземјена и аналитична личност. Ќе треба време додека се опуштат и научат како да уживаат во сексот, а воедно и да го задоволат партнерот. Сепак, еднаш кога ќе ја надминат препреката стануваат мошне посветени и грижливи љубовници.

Октомври – заведуваат на стариот добар начин, без форсирање и со многу романтика. Можеби на прв поглед ќе ви изгледа дека им недостига страст, но откако ќе сфатите дека не се брзаат со цел да ви обезбедат што поголемо опуштање и задоволство нема да сакате да се одделите од нив.

Ноември – за нив не постојат табу теми и недозволени нешта во сексот. Тие сакаат да пробаат сè и токму поради тоа постојано се во потрага по партнер кој ќе им ги оствари желбите. Кога сакаат се мошне посесивни и посветени.

Декември – креативноста им е јака страна како во животот така и во водењето љубов. Но, не се радувајте предвреме бидејќи за да задржите личност родена во декември ќе ви треба време да ги разбудите нејзините емоции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби