Интересни факти за машкиот оргазам

Колку навистина знаете за машкиот оргазам? Дали знаете дека мажот може да доживее повеќекратен оргазам и дека зачестената ејакулација се поврзува со помал ризик од рак?

Еве уште неколку необични факти за ова врвно машко задоволство.



Помеѓу првиот и вториот бран постои голема разлика

Според истражувањето спроведено на клиниката за репродукција Ginemed Assisted, постои голема разлика помеѓу првиот и вториот бран ејакулат.

Првиот бран обично носи сперматозоиди со подобар квалитет на ДНК, кои се побрзи и побројни. Кога мажот ејакулира, спермата се отпушта во неколку одвоени контракции. Научниците сметаат дека првиот бран е најквалитетен бидејќи, еволуциски гледано, неговата цел е оплодување на јајце клетката, додека остатокот треба да осигура препрека за поминување на сперма на некој ривал.

Делата говорат повеќе од оргазмот

Иако прераната ејакулација може да претставува сериозен удар за вашето его, се испоставува дека тоа многу повеќе ги погодува жените, но не од тие причини на кои помислувате.

Имено, истражувањата покажуваат дека жените чии партнери често прерано ејакулираат, имаат чувство дека партнерите не водат грижа за нивните потреби, а за 40 проценти од нив тоа е знак дека партнерот е себичен.



Оргазмот за време на секс е подобар од маструбацијата

Можеби делува очигледно, но истражувачите велат дека успеале да докажат дека мажите многу поинтензивно го доживуваат оргазмот за време на секс, за разлика од оној кој го постигнуваат при мастурбација.

Една студија од 2006-та година покажала дека телото за време на односот испушта 400 пати повеќе пролактин, отколку за време на мастурбација. Иако пролактинот е познат како хормон кој ја поттикнува лактацијата, неодамнешните истражувања покажуваат дека истиот влијае и на машкото либидо и дека неговиот недостаток може да доведе до еректилна дисфункција.

Брзина

Истражувањата покажале дека просечната брзина на машкиот ејакулат изнесува 60 километри на час.

Машкиот и женскиот оргазам се послични отколку што си мислите



Научниците откриле дека траењето и интензитетот на оргазмот не зависат од полот. Студијата објавена во „Psychology Today“ покажала дека постојат два типа на оргазми. Првиот се случува почесто и се состои од 6 до 15 интензивни контракции и трае од 20 до 30 секунди. Другиот вид, кој го доживуваат помал број на луѓе, подразбира и постојани помали контракции кои уживањето го продолжуваат на 90 секунди во просек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби