Дали сексот е единствениот начин да бидеш интимен со некој?

Никогаш во животот немала секс, но има интересна теорија за него

Својата приказна за тоа зошто никогаш немала секс, една анонимна девојка ја споделила со новинарката од магазинот Vice. Таа тврди дека сè започнало со религиозни уверувања, или подобро кажано строго воспитување во религиозно семејство, а подоцна дошле и некои други причини.



Еве ја нејзината исповед:

Ми велеа дека така е правилно. Да немам секс. Така ме научија, па затоа чекав. Дојдоа 20-тите години и бев во долга врска. И тогаш одлучив дека треба уште да чекам. Тоа беше комбинација на религија, но и личен избор. Мислев дека кога веќе толку долго сум чекала, можам уште. И како што поминуваше времето, така својата невиност ја доживував како нешто од кое кое што не сакам туку така да се откажам.

„Тешко е, но имам свои причини“

Не ми беше едноставно. Тешко ми е, но постојат причини зошто сум истрајна во ова. Искрено, со текот на времето ми стануваше сè потешко. Јас сум сензуална личност и сакав да бидам интимна со некој, но многумина ме поддржуваа. Сепак, понекогаш ми беше срам да признаам дека никогаш не сум имала секс.

Од друга страна, пак, го доживеав и тоа некои да сакаат да бидат со мене и покрај моите ставови. Тоа ми беше потврда дека навистина им значам како личност. Бидејќи, кога не се сексаш, свесен си што значи сексот во врската. Тој е тука, на некој друг начин. Сексот е присутен и кога го нема.



Кога ќе одлучиш да немаш секс, тогаш многу повеќе размислуваш за тоа отколку кога кога сексот е дел до врската. Сексот е важна работа – тој е своевиден центар. Во сè. Но, не се согласувам со мислењето на повеќето, дека сексот е темел на секоја врска. Верувам во платонската љубов. Мене ме привлекуваат и мажи и жени. Се заљубував и во хомосексуалци. Но, сексот не е единствениот начин на кој можеш да бидеш интимен со некој. Блискоста може да постои преку толку други начини. Низ самиот себе, низ духовноста, низ Бога, доколку веруваш во него.

„Премногу го глорифицираме сексот“

Затоа мислам дека луѓето се збунети во поглед на сексот. Интимноста е многу повеќе од секс. Но, повеќето луѓе не мислат така. Премногу го глорифицираме сексот. Ги слушам другите луѓе, нивните приказни. На секој од нив сексот му е ужасно важен. Тој е неодвоив дел од нивниот идентитет. Нивното поимање на светот. Иако тоа често го негираат и гледаат на сексот како на забава, сексот им е многу поважен од тоа. Од сè.



Никогаш не сум гледала на сексот како на нешто што ја менува мојата перцепција на светот. Всушност, јас на сексот гледам како на нешто неутрално. Веројатно затоа што луѓето му предаваат голем дел од себе, сексот е нешто што остава длабока и често пати неизбришлива трага, добра или лоша.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби