Работи кои секоја жена мора да ги направи после секс

Советите за тоа што треба да се прави пред и за време на сексуалниот однос особено нè интересираат, но сте се запрашале ли што потоа? Она што следи, верувале или не, е исто така многу важно! Еве што би требало секоја жена да направи кога ќе заврши акцијата.



Одете на мокрење, но само доколку имате реална потреба за тоа

Сигурно сте слушнале дека одењето во тоалетот веднаш после сексот може да помогне во спречување на унирарните инфекции, бидејќи урината ја отстранува бактеријата ешерихија коли, за која постои веројатност за време на сексот да навлезе во мочното каналче.

Според мислењето на лекарите, ова може да е мит бидејќи не постојат студии кои тоа го имаат докажано. Затоа, доколку немате потреба за мокрење веднаш после сексот, не трчајте во купатилото бидејќи 20-минутното одложување на таа активност нема да го зголеми ризикот за уринарна инфекција. Наместо тоа, останете во кревет и применете го следниот совет.

Вратете си го „филмот“ и потсетете се што точно се случило



Проживејте ги во својата глава настаните кои штотуку се случиле, од почетокот до крајот. Доколку сексот бил добар, обидете се да се сетите што точно е тоа што го направил таков, а потоа кажете му на партнерот кои движења или работи ви се допаднале. Тоа е најдобриот момент да разговарате за тоа, кога впечатоците сеуште се свежи, па можеби од него ќе дознаете што да правите следниот пат за уште подобро да го задоволите.

Доколку, пак, сексуалното доживување не било баш најдобро, подобро е да разговарате за тоа подоцна, а не веднаш после интимните моменти.

Уште една работа која несомнено ќе ви го подорби сексуалниот живот е разменувањето на нежности и мазењето после сексот, а студиите се покажале дека паровите кои го практикуваат тоа имаат поквалитетна врска и повеќе уживаат во сексот.



Забележете го чувството на болка

Понекогаш за време на сексот се случува да почувствуваме болка, а две најчести причини за тоа се сувоста на вагината или подлабоко чувство кое може да биде предизвикано од констипација или грчење на мускули. Тоа може да се случи доколку партнерот ве „удри“ во еден од јајниците, кои за време на овулацијата се особено зголемени. Сепак, болката за време на секој сексуален однос не е нормална покава, особено ако истата трае неколку часа. Во тој случај најдобро е да поразговарате со лекар бидејќи тоа може да биде знак за посериозен проблем, како цисти на јајниците, фиброиди, а дури и рак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби