5 скриени причини заради кои немате секс

„Може да се живее и без тоа“, „имам уште работа која морам да ја завршам“, „ме боли главата“, „уморна сум“... Постојат низа изговори кои жените ги употребуваат со цел да го избегнат сексот, но во продолжение ви претставуваме 5 причини зошто опаѓа женското либидо.



Земање лекови

Доколку сте во депресија, имате висок крвен притисок или холестерол и земате лекови на рецепт – тие би можеле да бидат причина за вашето ниско либидо. Тоа исто така може да доведе до неможноста да постигнете оргазам за време на сексот.

Сексолозите предупредуваат дека лековите кои ги пиеме заради одредени проблеми, можат да ни го „умртват“ либидото. Тогаш треба да разговарате со вашиот лекар.

Во нездрава врска сте

Да бидеме искрени – доколку вашиот партнер ве третира лошо и вашиот однос е полн со кавги, негативност и огорченост, нема да сакате да имате секс со него.

Љубовните врски мора да бидат здрави за да ни овозможат да сакаме да имаме сексуален однос со партнерот. Доколку не се чувствуваат блиски и безбедни и доколку не чувствуваат дека партнерот се грижи за нив (сексуално и емотивно), повеќето жени имаат проблем да достигнат оргазам.



Дивеење на хормоните

Нивото на хормоните знае да „поулави“, а проблем може да претставува токму нивото на тестостерон. Доколку нивото на овој полов хормон е превисок или, пак, пренизок, може да резултира со ниска сексуална желба.

Имате лоша слика за вашето тело

Не мислите дека сте секси. Ги мразите вашите колкови, нозе или сте добиле неколку килограми повеќе кои се гледаат баш на средишниот дел од вашето тело!

Ниското мислење за вашето тело директно влијае врз вашата сексуална желба. Не е важно колку долго сте со вашиот партнер – доколку не се чувствувате посакувано, нема да се чувствувате пријатно во сексот.

Ако овој проблем ви е прилично изразен, а немате реална причина да имате такво мислење за себе си, можеби треба да поразговарате со психолог, со цел да се ослободите од него.



Под стрес сте

Во денешно време ретко кој не е под стрес, но мораме да знаеме како да се справиме со стресот. За жал, девојките се многу поизложени на стресот, кој не знаат како да го управуваат.

Постојат еден куп работи кои ни висат над глава и не спречуваат да помислиме дека потребно ни е време за опуштање и уживање со партнерот. Грижата за кариерата, економските проблеми, разните социјални проблеми, како и низата други обврски може да предизвикаат високо ниво на стрес, кој прилично ја искоренува желбата за секс. Не го дозволувајте тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби