Брачна полигамија: Сексот со други луѓе ја одржува нашата љубов

Дали љубовните врски со други мажи можат да ја зајакнат врската што ја имате со сопругот?

Жената со псевдоним Лиса (34), тврди дека можат, сè додека сте подготвени да излезете од шаблонот и да имате отворени сфаќања за својата сексуалност и за тоа што ве прави среќни.

Нејзината интимна исповед следи во прилог:

       Се запознавме како тинејџери и прво бевме пријатели. Започнавме да живееме заедно на 18 години. Бевме среќни и вљубени и сè функционираше. Еден ден решававме тест во едно списание каде имаше прашање што мислите за моногамијата? И двајцата ја избравме опцијата дека е нереално очекување. Не зборувавме на темата, до оној момент кога заедно со една негова пријателка не дојдовме до идеја за тројка.

Пред таа тројка, му дадов на знаење дека го одобрувам неговиот сексуален контакт, но не и пенетрација, во смисла пенис-вагина. Тој се согласи, но во момент на страст јас бев таа што се предомисли. Не очекував дека набљудувањето на нивниот секс толку ќе ме возбуди. Потоа ги сменив правилата и не се чувствував отфрлено, дури открив дека моногамијата ми смета. Сега нашите главни правила се искреност, сигурен секс и искористување на нашето заедничко време.

По венчавката, не можев од глава да ја извадам помислата дека повеќе никогаш нема да се бакнам со друга личност, па повремено ме фаќаше паника. Првите бакнежи со некој се најдобро, а идејата за моногамија значеше дека е готово со сето тоа, што ме растажуваше. Кога му го кажав тоа на својот сопруг, ми кажа дека се чувствува исто.

Пред 5 години се одлучивме да испробаме други облици на секс односи. Сега имам 4 партнери, а со двајца од нив се гледаме заедно со сопругот. Секој од нас месечно во просек има околу 2 состанока со други луѓе. Понекогаш поминуваат месеци да не се гледаме со други, а некогаш имаме и по 3 состаноци во недела дена, нема цврсто правило.

Јас сум комуникативна и дружељубива личност, на мојот карактер му одговараат повеќе врски, растев во големо семејство и признавам дека сум жена на кое и е потребно и и годи поголемо внимание. Имам многу љубов за давање, а полигамијата ми помогна во тоа да не барам од својот сопруг да ми ги исполни сите желби.

Мобилните телефони се благослов на модерното време, го олеснуваат изразувањето на емоциите и на брз начин, можеш да му се јавиш на некого и да му кажеш дека мислиш на него. Со повеќето свои партнери имам опуштен сексуален однос, а со ретки од нив станува подлабок.

Не можам да сфатам како со тие нешта немавме проблем, особено на почетокот. Но, со текот на времето научивме како да имаме доверба еден во друг и да си дадеме поддршка, а полигамијата ни укажа на тоа колку ни е важна нашата меѓусебна врска за да опстанеме како пар. Често слушаме прашања од типот на: Како можеш на својата жена да и дозволиш да спие со други?

Не мораме да си допуштаме нешта, не се однесуваме како родители еден кон друг, не се наградуваме, казнуваме или исправуваме. Не морам да изигруваме полицајци или контролори, тоа не е однос каков што сакаме.

Најчесто нè прашуваат дали сме љубоморни? Љубомората се случува. Тоа е емоција како тага, осаменост, возбудување и среќа. Тие емоции се појавуваат во секоја врска, па и во нашата. Низ тие проблеми поминуваме како низ било кои други, со труд, компромис и разговор.

Еднаш мојот маж имаше партнерка која ми е чиста спротивно, физички, интелектуално, па дури и политички. Пред да се запознаеме не се чувствував добро, но во оној момент кога си подадовме рака, сè ми стана јасно. Ја видов нивната интеракција, таа во него разбуди една сосема поинаква страна.
Еден од моите партнери е потполно субмисивен, а се гледаме со години и врската ни е сексуална. Имаме фантастична динамика и мојата улога е на домина. Многу ми е забавно, можам да бидам нешто што не сум. Во тие врски постојат разни ситници кои ние не ги добиваме во бракот, не затоа што не сме си доволни, туку затоа што еден човек не може сè да даде. Ги истражувам своите хирови и фетиши, но ја одржуваме својата љубов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби