Брачни сведоштва: Мојот сопруг не сака секс!

Приказната што започнала со многу љубов и разбирање, одеднаш завршува без еден од најважните елементи на љубовната врска. Нема секс!

Бракот без односи неминовно води кон неверство и развод. Некои парови решаваат да го игнорираат фактот дека се дисфункционални во спалната соба, па остануваат заедно поради децата. Со текот на времето стануваат сè пофрустрирани и немоќни да ја прекинат врската, што се разбира негативно се одразува и по нивото здравје.

Како реално изгледа сето тоа?

      Со сопругата немаме секс веќе 6 месеци. Таа вели дека причината за тоа е стресот, таа е под стрес зошто јас сум под стрес. Јас пак сум под стрес зошто немаме секс. Тоа е магичен круг.

      Во брак сум без секс. Ја мразам оваа ситуација и тој добро знае за тоа. Сепак, не прави ништо.

      Сакам да излезам од овој брак во кој немам секс, но се грижам како сето тоа ќе се одрази на децата. Постојано го одложувам разводот што мислам дека на крај засекогаш ќе останам со него.

     Бракот без секс е ужас. Ова не е тоа на што се согласив, ниту она што го очекував. Но, не можам да ја оставам.

     Мојот сопруг не сака секс и одбива да зборува за тоа. Почнувам да се фрустрирам 

     Давам сè од себе, да не се чувствува лошо виновно што немаме секс, но секојдневно врескам во себе.

     Секоја вечер мастурбирам под тушот зошто сопругот не сака да имаме секс. Вели дека не му е до секс, ама цврсто верувам дека порнографијата му е прв избор.

      Мојот сопруг толку многу ме одбива за секс, што престанав да превземам иницијатива затоа што се чувствувам лошо.

     Кога го прашувам во што е проблемот ми вели дека е стрес. Неговото одбивање ме боли, го убива нашиот брак.

     Не можам да си поверувам дека мојот брак се сведе на ова и дека сум во брачна заедница без секс на 33 години. Тој воопшто не се ни труди. Сега разбирам зошто луѓето изневеруваат. На сите ни е потребна интимност.

Доколку имате ваков проблем во вашиот брак време е за нов пристап кон истиот.

Размислите како било во минатото, пред да започнете да се оддалечувате еден од друг. Што може да е вистинската причина за она што се случува во спалната соба? Дали несвесно сте направиле нешто поради кое се случуваат овие нешта или пак вашиот љубовен живот едноставно западнал во рутина?

Образложете му на партнерот, односно партнерката дека сакате да имате сериозен разговор на оваа тема, во кој секој ќе каже што мисли и што чувствува, без притоа да се осудувате еден со друг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби