Лажам дека не сум девица

Луѓето не ретко лажат за своите сексуални искуства и тоа најчесто за бројот на партнери кои што ги имале. И додека некој крие дека спиел со 5 наместо со 10 луѓе, некои мажи и жени кријат дека се уште се невини.

Ако во минатото да се биде девица беше прашање на чест, денес многумина на тоа гледаат како на недостаток и неможност да се вклопат во друштвото.

Како реално изгледа да се биде невин на „стари“ години откријте преку искуствата на неколку луѓе кои признаваат дека ги лажат своите пријатели за своето сексуално искуство.

Наскоро ќе наполнам 26 години, а и понатаму сум девица. На своите пријатели им велам дека сум имала секс зошто непријатно ми е да им признаам. Имам чувство дека ако им ја кажам вистината, ќе мислат дека не сум нормална.

Со години лажам за својот статус на девица. Страв ми е дека никој нема да ме посакува на тој начин и дека ќе бидам непожелна за врска. Затоа измислувам дека сум искусна, а своето искуство го собирам со гледање порно филмови.

Го лажев своето момче дека не сум девица, па затоа првиот секс не беше ништо посебно. Во суштина тој ме откри.

Отсекогаш сум лажела за својата девственост. Не знам како ќе ја поднесам осудата од другите луѓе.

Секој потенцијален дечко со кој бев и знаеше дека сум невина ја доживуваше мојата невиност како нешто до кое што мора да дојде, па затоа повеќе не зборувам за тоа.

Понекогаш лажам дека не сум девица зошто се плашам дека мажите нема да ме сакаат ако ја знаат вистината. Би побегнале!

Зборувам дека не сум девица затоа што луѓето не разбираат дека постојат луѓе кои не се опседнати со секс.

Понекогаш лажам за да стекнам нови пријатели

Признавам дека ги лажам своите пријателки дека не сум девица, затоа што постојано ме прашуваат „ Кога ќе имаш секс?“

Имам 19 години и лажам за својата невиност. Некако се чувствувам глупаво кога треба да кажам: Уште го чекам вистинскиот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби