Решете го тестот и откријте дали сте зависни од секс

Сексуалното задоволство лесно може да премине во нарушување. Оние кои се препуштени на контролата на либидото, не можат да исполнат здрави љубовни односи, а сексот за нив веќе не е задоволство туку итна потреба, која ако не ја практикуваат ќе имаат кризи. Откријте дали сте зависни од секс преку следниот тест:



1. Дали некогаш сте се впуштиле во ризичен сексуален однос бидејќи не сте можеле да одолеете на искушението?

а) Не
б) Да, ама ретко
в) Често

2. Дали сте склони кон експериментирање во сексот кога сте со постојаниот партнер?

а) Не, сексуалните активности се прекрасни
б) Понекогаш, зависи како сме расположени
в) Да, постојано. Мразам рутина во сексот

3. Може ли да издржите еден ден без оргазам?

а) Да, без проблем
б) Можам, ама подобро ми е да доживеам оргазам
в) Не, сексот или мастурбирањето се задолжителни

4. Дали го изневерувате вашиот партнер или сте го изневерувале само поради секс?

а) Не
б) Такви работи ми се случиле, ама само еднаш или два пати
в) Да, често

5. Колку често гледате порнографски содржини?

а) Неколку пати месечно
б) Неколку пати неделно
в) Секојдневно

6. Дали сте љубител на секс за една вечер?

а) Апсолутно не
б) Немам ништо против тоа, но не сум љубител
в) Да, обожавам такви сексуални авантури

7. Се чувствувате ли лошо по сексот?

а) Не
б) Зависи од ситуацијата
в) Да, често

8. Дали ги мешате сексуалните мисли на работата или во друштво со други личности?

а) Не
б) Понекогаш
в) Често

9. Се чувствувате ли лошо поради сексуалните мисли или идеи кои ви идат на памет?

а) Не
б) Понекогаш
в) Да

10. Се срамите ли од вашите сексуални навики и фетиши?

а) Не
б) Понекогаш
в) Често

Откако го завршивте тестирањето, пресметајте ги резултатите на тој начин што секој одговор под А, ќе го бодувате со по 1 поен, секој одговор под Б со по 2 поени, додека секој одговор под В со 3 поени. Соберете ги поените и прочитајте го толкувањето.

Резултати

Од 0-16 поени

Вие немате проблеми ни предиспозиции за сексуална зависност. Иако имате здрав поглед кон сексуалноста, не би било лошо во овој поглед малку повеќе да се опуштите и да експериментирате, бидејќи поради традиционалното размислување вашиот сексуален живот може да стане монотон.

Од 17-23 поени

Имате здрав став во поглед на сексуалноста и уживате во неа, а иако не сте склони кон ризичното однесување, во сексот сакате да се опуштени и да експериментирате. Само така продолжете, бидејќи дефинитивно знаете како да уживате.

Од 24-30 поени

Вие имате проблем со доживување на сексот како чин на интимност па често ви служи како цел во љубовните односи. Поради тоа сте немирни, тешко имате подолги врски и склони сте на промискуитет. Не би било лошо да намалите малку со темпото и да застанете, а ако не може самите да си помогнете, обратете се кон некој професионалец или психолог кој може да ви помогне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби