Шест типа на мастурбација: Кој е вашиот?

Ако ги тргнеме на страна табуата и стереотипите, мора да признеме дека секој од нас мастурбира. Некој повеќе, друг помалку. Стилот на мастурбација зависи од личните преференци како и од она што нè возбудува.

Провокатор – вообичаено овој стил на мастурбација опфаќа стимулирање на клиторисот со еден или два прста. Си играте со себе додека не се возбудите и точно знаете каде треба да се допрете за врвно задоволство. Минимален напор, за максимален ефект.

Медијатор – долг работен ден? За медијаторот мастурбацијата е најдобриот начин за справување со стресот. Тоа значи дека речиси секој ден издвојува време за мастурбација на почетокот или пак крајот од денот.

Фантазер – еден од најпопуларните стилови на мастурбација. Фантазерот има прекар за својот полов орган, за своите секс играчки, па дури и за својот партнер. Кога ќе ги затворат очите и ќе го земат дилдото во рака, веднаш влегуваат во својот свет на фантазијата.

Профи – некои жени се професионалци во мастурбација. За 2-3 минути веќе го достигнале климаксот. Ако жената има ваков стил на мастурбација мошне веројатно е дека многу брзо свршува и за време и на нормален сексуален однос.

Романтичар – исто како и фантазерот и романтичарот ја користи фантазијата за да се стимулира, со таа разлика што вториот на мастурбацијата ја поистоветува со секс. Па, така пред да започне со самозадоволувањето мора да создаде совршени услови во спалната соба или пак бањата.

Авантурист - испробува сè што е ново и што слушнала дека е добро. Авантуристите го истражуваат сексот, а со тоа и мастурбацијата. Се она што за другите може да биде лудо и неприфатливо, за авантуристот е нова прилика за експериментирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби