Различните сексуални желби меѓу партнерите се чест проблем во многу врски. Што да направите ако еден од партнерите е секогаш спремен за акција, додека другиот подобро би лежел на кревет и би гледал ТВ? Сексуалната терапевтка Мишел Вејнер Дејвис советува како да се поставите и како да си помогнете во оваа релативно честа ситуација.
Не го сфаќајте тоа лично
Разликите во сексуалната желба меѓу партнерите не е редок проблем. Иако е тешко да слушнете дека некој ве одбива неколку пати по ред, не треба да си го сфаќате тоа лично, туку да се потсетите дека недостатокот на партнерот најверојатно нема врска со вашата привлечност, личност или карактер. Можеби се работи за хормони или чувства кои вашиот партнер ги има. Иако без сомнеж сакате ситуацијата да се промени, покажете малку сочувство, бидејќи голема е веројатноста дека и на личноста со ниско либидо ќе и биде полесно ситуацијата да е поразлична. Можеби поради тоа и самиот партнер се чувствува лошо па нема потреба додатно да го поттикнувате чувството на помала вредност. Потрудете се да имате разбирање.
Променете го пристапот
Ако го наговарате партнерот постојано на секс и постојано сте одбиени, може да се случи проблемот да се зголеми и да создава сè поголем јаз меѓу вас. Потрудете се со различен пристап. За почеток, на некое време отстапете од наговарања и видете што ќе се случи. Не зборувајте ништо за вашиот план, само чекајте. Понекогаш на личноста со пониско либидо и треба малку простор. Значи, ова нема да ви биде лесно ако сексот ви е многу важен, но вреди да се потрудите. Не зборувајте за секс, не го поттикнувајте и потрудете се така да издржете барем една недела. Наместо на секс, сконцентрирајте се на вашата врска. Разговарајте за тоа што е добро за врската, излегувајте со пријателите, патувајте и почнете заедно да се занимавате со некој спорт.
Допирајте го партнерот со многу внимание, но не очекувајте секс
Жените често се жалат дека нивните мажи не ги допираат освен ако не сакаат секс. Па затоа, жена може да ве одбие. Ако сте маж и потребите ви се поголеми од оние на вашата партнерка, сетете се на ова следен пат кога ќе и се приближите на жената само затоа што очекувате секс. Таа можеби понекогаш само сака да се галите, да се гушкате, да се држете за раце или да се бакнувате. Многу жени велат дека мажите се неспособни за било каква нежност освен онаа која би водела кон секс, а бидејќи жените се пожелни за внимание без сексуална конотација и ги нервира кога секој допир води исклучиво до секс.
Ако сте маж и се препознавате во ова, потрудете се да бидете повнимателни кон партнерката и потоа застанете. Таа ќе го цени ова. Кога ќе научете да правите работи кои ќе и ја допрат душата, ќе биде расположена да ви овозможи вистинско задоволство.
Сконцентрирајте се на она што функционира
Има ли во вашата врска период кога едноставно сексот не е на завидно ниво? За тоа може да постојат различни причини: хормони, стрес и разни проблеми. Но, потрудете се да ја согледате врската и од останатите агли. Запрашајте се што било поразлично во оние времиња кога заедно сте уживале во сексот.
Мастурбирајте
Ако вашиот сексуален апетит е толку голем што не може да очекувате партнерот постојано да е расположен, забавувајте се сами со себе. Понекогаш најдобро е да ги земете работите во свои раце. Нема потреба за негативни чувства. Најдобро е секој да мастурбира и ако има, но и ако нема редовен секс.
Почитувајте ги сексуалните услови на вашиот партнер
Ако партнерот има помала потреба за секс, послушајте ги условите кои ви ги кажува. На пример, ако повеќе сака да води љубов навечер или наутро – почитувајте ја таа желба. Жените почесто сакаат да водат љубов навечер, додека мажите сакаат секс наутро и тоа набрзина. Овде се работи за хормони, а повеќето мажи имаат поголемо ниво на тестостерон наутро. Но, ако неа не и е до секс наутро, нека биде по нејзино. Создадете атмосфера во која ќе се чувствува пријатно.
Ако ништо друго не успее, бидете брутално искрени
Ако сте се потрудиле сè и ништо не успеало, извадете ги сите карти на маса. Отворено разговарајте, опишете го секој проблем, кажете дека сте несреќни, дека сексот ви е многу важен и дека навистина не знаете веќе што да направите. Но запаметете: Овој разговор да не го започнувате кога сте лути затоа што така ќе започнете да се карате. Не критикувајте, само изложете го она што ве мачи. Ни партнерот не сака таков однос. Не сте единствени кои се соочиле со овој проблем, па потрудете се да го решите.