Геј мажите советуваат: Како најдобро да го задоволите партнерот

Во многубројните магазини за жени може да пронајдете најразлични совети за сексот и за тоа како да се задоволи жената. Сепак, обично тие статии најчесто ги пишуваат токму жени, но доколку сакате совет од прва рака за тоа што сакаат мажите во кревет, прочитајте ги следните пет совети, искрено кажани од геј мажи.



Не плашете се да испуштате звуци

Никогаш немојте да сте тивки, секогаш бидете гласни. Анонимен читател на Independent, истакна дека е многу важно да сте гласни во кревет. Ако сакате дури и може да го искажувате она што го чувствувате – ако партнерот знае дека уживате, ќе ужива и тој.

Предигра

Ешли Хеселтин, која била учесничка на Геј парадата во Атланта и е позната блогерка која редовно објавува видеа на YouTube, изјавила дека сите геј момци имале ист совет: Играјте си со мажот и допирајте го нежно. Мажите се многу почувствителни отколку што ви дозволуваат тоа да го помислите, па добрата предигра никако не ја испуштајте бидејќи ќе направи чуда.

Бакнување

- Многу припаднички на понежниот пол сметаат дека единствена ерогена зона на мажите е интимниот дел, но голем број мажи би уживале во бакнувањето на вратот, брадавиците и ушите, изјавил Џо Стоун, еден од авторите на порталот thedebrief.co.uk.

Внимавајте на влакната

- Бидете внимателни додека ги галите или масирате влакнестите гради, нозе или листови. Сконцентрирајте се на самите мускули, а не на површината, бидејќи иако претераното триење вас може ви изгледа страсно, за него е болно искуство.

Бидете самоуверени

Според читателите на веб страницата rebelcircus.com, самоувереноста е најсексапилната работа која ја поседува жената. Знајте си ја вашата вредност и самоуверено покажете си ги техниките пред партнерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби