Како најлесно до оргазам?

Дали знаевте дека на просечниот маж му се потребни од 4 до 10 минути да дојде до оргазам за време на секс, додека на жените во просек им се потребни околу 13 минути само за да се возбудат.

Ако податоците се точни тогаш сосема разбирливо е зошто многу парови имаат проблеми да ги усогласат сексуалните апетити и да доживеат задоволство за време на сексот.

Пред сексот

ДА

Пред сексот јадете некоја храна која го зголемува сексуалниот нагон како остриги или пак црвено месо. Тие се богати со цинк и го зголемуваат дотокот на крв во вагината. Доколку мажот сака подолга и поцврста ерекција тогаш треба да јаде спанаќ бидејќи истиот е богат со магнезиум.

Флертувајте. Што повеќе, тоа подобро. Најдобриот секс започнува во главата, затоа потруете да биде максимално фокусирани на она што го правите и на начинот на кој го заведувате партнерот, односот партнерката.

НЕ

Не претерувајте со алкохолот затоа што може да ве опушти премногу. Ова повеќе се однесува на мажите бидејќи поголемо количество алкохол може да ја оневозможи ерекцијата.

Не се излежувајте. Наместо тоа секојдневно практикувајте најразлични физички вежби. Не морате да вежбате напорно за да бидете слаби и стегнати, туку само за да одржувате кондиција.

За време на сексот

ДА

Ако сте жена бидете повеќе себична за време на предиграта. За разлика од мажите жените можат да имаат повеќе од еден оргазам за време на една тура секс. Затоа побарајте од партнерот партија орален секс или пак едноставно научете го како да ве задоволува рачно.

Усогласете ја секс позата. Кога вашиот партнер ќе се припие до вас потрудете се базата од неговиот пенис да дојде во контакт со вашиот клиторис. Кога ќе го постигнете тоа усогласете го движењето напред - назад со партнерот. Другата варијанта е да ги прилепите своите најчувствителни делови до неговата публична коска која би ги стимулирала.

НЕ

Не го заборавајте кондомот. Заштитното средство додава дополнителен слој помеѓу вас и партнерот со што се намалува осетот во пенисот. Кога мажот користи кондом има помалку триење за него, а со тоа и сексот трае подолго со што имате повеќе време да уживате, а со тоа и да свршите.

Не се фокусирајте на времето. Колку повеќе мислите на тоа колку време поминало и зошто не свршувате, толку повеќе ќе го одложите оргазмот. Наместо тоа обидете се максимално да се опуштите и да уживате во моментот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби