Исповед на 6 парови: Кои проблеми во сексот доведоа до развод?

Многумина парови не разговараат за проблемите во кревет, поради тоа што сметаат дека со тоа ќе го навредат партнерот, но всушност доколку не разговарате на време, може да дојде до поголеми проблеми подоцна, а честопати и до развод. Сексот е една од поважните работи кои се основни за да успее една врска или брак.

Истиот проблем расипал многу бракови, а токму шест парови решиле за Women’s Health да откријат каков проблем бил клучен за да го прекинат бракот.



Никогаш не правевме ништо ново

Ја запознав жена ми на 17 години и таа е единствена личност со која некогаш сум спиел. Откако се венчавме, мислам дека и двајцата имавме чувство дека сме „заглавиле еден со друг“ и тоа ни го оневозможуваше откривањето на нови работи во сексот. Можевме да направиме повеќе за да се отвориме еден кон друг, но откако го добивме детето и поминавме низ абортус, повеќе не се посакувавме. Многу подобро функционираме како пријатели и родители - Лукас, 31 година

Ме изневери

Мојот поранешен маж и јас имавме многу поразлични либида, па ме изневери. На крајот сфати дека не сака да има моногамна врска - Клер, 32 години

Никогаш немавме секс

Вистината е дека јас и мојот поранешен маж водевме љубов само три пати во година и половина дена брак, па тоа е главната причина зошто се разведовме. Верував дека тоа не е решение, но тој не покажуваше интерес за заедничко пронаоѓање на решението. Верувам дека сите заслужуваме некој кој ќе ни даде чувство дека сме посакувани -Донора, 33 години



Спиеше со проститутки

Мојот поранешен беше одличен љубовник, а такво сексуално задоволство никогаш не сум доживеала. Но, се воспостави дека редовно спиел со проститутки и откако го дознав тоа, никогаш повеќе немавме секс - Кристал, 51 година

Сексот го сфаќаше многу сериозно

Мојата поранешна жена го сфаќаше сексот многу сериозно. Имаше т.н. „сценарио“, кое морав да го следам и ми беше тешко да не го третирам сексот како работа. Дури и кога таа иницираше, очекуваше од мене сите чекори јас да ги правам. Беше исто како и работа - Џејмс 34 години

Не ги слушав нејзините потреби

Кога на почеток се оженив, не ги сфаќав разликите помеѓу тоа како мажите и жените различно го сфаќаат сексот. Јас бев типичен „брз“ маж, додека мојата поранешна жена сакаше долго, интимно искуство. Не знаев ништо и целосно бев несвесен за нејзините желби да бидам побавен- Лоу, 51 година



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби