МИЕЊЕ СО САПУН ИЛИ СО ГЕЛ ЗА ИНТИМНА НЕГА

Работи кои е опасно да ги правите по сексот

Веднаш по завршувањето на сексот, некои жени прават одредени ритуали кои сметаат дека се добри за нивната интимна хигиена. Но, понекогаш некои одредени работи се опасни да ги правите. Кои се тие?



Се воздржувате од уринирање

При допирањето на пенисот и вагината, бактериите може да бидат втурнати во мочниот меур, што може да дојде до појава на инфекција. Поради тоа, стручњаците советуваат да уринирате во рок од еден час по сексуалниот однос.

Ја миете вагината со сапун

Некои жени веднаш по сексот чувствуваат потреба да ја измијат вагината со сапун, гел за туширање или за интимна нега, но тоа е погрешно. Не само што преку тие хемиски средства може да добиете алергиска реакција, туку може да допринесете до вагинална иритација. Вагината е орган кој самиот се чисти и би требало да ја третирате многу нежно. Миењето само со вода е сосема доволно.

Спиете во секси долна облека



Памучната долна облека е најдобар избор, а се останато може да направи проблем. По сексот, вашата кожа е потопла и повлажна. Синтетичката долна облека ја задржува влагата, со што сте изложени на разни габични инфекции.

Веднаш влегувате во када со топла вода

Тоа би бил совршен начин за опуштање по добар секс, нели? Но, изложеноста во вода го намалува дејството на бариерите на вашата кожа, што значи дека со тоа ги зголемувате шансите за инфекција.

Користете влажни шамичиња

Ако сте чувствителни на хемикалии, како што се алкохолот, глицеринот и некое масло, ова е производ кој би требало да го избегнувате по сексуалниот однос, ако не сакате да предизвикате разни иритации, како што е црвенило, оток или чешање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби