Препознајте го вистинскиот женски оргазам

Повеќето од вас ќе се сложат дека глумењето оргазам е глупост, која не му користи на никому. Партнерот нема ни да знае дека не ја задоволил жената, а таа пак ги намалува шансите следниот пат да доживее оргазам со истиот партнер.

Според неодамнешните истражувања на сексуалните стручњаци, околу 30% од жените ширум светот немаат потешкотии со редовно доживување оргазам, додека пак останатите 70% го доживуваат многу поретко, отприлика на секој петти сексуален однос. Во овие 70% спаѓаат и оние 15% на жени кои што откриваат дека никогаш не доживеале оргазам или пак дека го доживеале само еднаш или два пати во животот.

Сепак, студиите покажуваат дека над 90% од жените, во некој момент, одглумиле оргазам и тоа најчесто да не го повредат партнерот. Тоа и не звучи така необично ако го споменеме фактот дека околу 20% од мажите веруваат дека се толку добри љубовници што нивните партнерки не мора да глумат.

Симптоми на оргазам



Општите и јасни знакови на оргазам се грчење на мускулите – најчесто вагиналните мускули, што предизвикува чувство дека долу е „потесна“. Исто така, може да се појават и грчеви во нозете. Кога има посилен интензитет на стимулацијата во кој нејзиниот здив е пократок, а воздишките погласни, по постигнувањето на вистинскиот оргазам таа ќе застане, бидејќи ќе и требаат неколку минути да се опорави.

Голем број на жени по оргазмот може да поцрвенат на дел од градите поради зголемени хормони и бидејќи таму кожата е тенка.

Тоа што глуми не значи дека не ужива

Дури и ако таа глуми оргазам, тоа не мора да значи дека не ужива во сексот. Имено, истражувањата покажуваат дека кај жените активноста за задоволство во центрите на мозокот е најголема за време на сексот, односно „на патот до оргазам“, додека непосредно пред самото доживување на врвното задоволство, активноста нагло опаѓа. Од друга страна пак, кај мажите активноста во тие делови од мозокот е најголема токму при самото доживување на оргазам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби