Бонтон правила за добар секс: Што да кажете, како да направите...

Она што луѓето го прават во својата спална соба останува таму. Иако тоа е совршено место за целосно опуштање и истражување на телата, тоа е и местото каде што може сè да тргне наопаку, ако не се придржувате до златните и непишани правила, односно до сексуалниот бонтон, кој повеќето луѓе гo познаваат.

Кои правила на бонтон однесување треба да ги практикувате?



Не лажете за ексклузивноста

Ако партнерот јасно ви дал до знаење дека сака моногамија, не е во ред да лажете и да прифатите таква врска, а да имате секс и со други. Праведно е да бидете фер.

Немојте да застанете на „Не застанувај“

Ако жената за време на сексот ви каже „Не запирај“, „Не застанувај, продолжи“, тоа значи дека е близу врвното задоволство, но во праска често се случува токму спротивното. Проблемот е тоа што токму тие зборови може да ја забрзаат работата или пак да наметнат притисок. Она најдобро што може да го направи мажот е да се исклучи и тогаш да размислува за нешто досадно и да не запира, а потоа да му дојде неговиот ред.

Не лажете за контрацепцијата

Ако жената каже дека зема антибеби пилули, логично е мажот да не пази толку многу. Секој разговор за контрацепцијата треба да биде 100% искрен, бидејќи носи огромен ризик.

Оралниот секс подразбира враќање на „услугата“

Егоизмот во кревет е една од најголемите мани кои човекот може да ги поседува. Непишано правило е дека оралниот секс треба да се возврати.



Миењето е задолжително

Ова се однесува и на жените и на мажите. Не мора да значи дека веднаш мора да истрчате до купатило, туку да водите грижа за редовната хигиена. Ништо не одбива како лош мирис и лоша хигиена.

Бидете малку поживи

Иако однесувањето „лежење како кукла“ често се припишува на жените, ова правило може да се однесува и на мажите кои мислат дека жената ќе ја задоволат само се „зајачки секс“, кој подразбира брзо мрдање надвор-внатре. Сексот треба да вклучува разновидни движења, пози и допири, како и ангажман од двајцата партнери.

Критиката не е добредојдена

Тоа не се однесува на сексот – техниката или слично, за тоа може секогаш да се разговара – туку за работите кое не се баш некои на кои можеме да влијаеме. На пример, не е во ред да му кажете на партнерот „пенисот ти е мал“ или „градите ти се обесени“ и слично. Ако некој не ви се допаѓа, немојте да имате секс, ако пак ви се допаѓа целосно препуштете му се.

Без префрлување

Ако сте од оние кои сакаат да ги користат двете „дупки“ во сексот, важно е да ги смените кондомите пред префрлување или пак добро да се измиете. Во спротивно, работите би можеле да станат многу нечисти, а да не ги спомнеме и инфекциите поради различните бактерии кои се во аналниот и вагиналниот отвор.

Без туркање

Кај оралниот секс не треба да има насилно туркање. Не само што тоа предизвикува рефлекс за повраќање, туку навистина не е секси и може да доведе до одбивност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби