Со оглед на тоа дека дури 2/3 од жените барем еднаш во животот одглумиле оргазам, сѐ повеќе истражувања се обидуваат да го дадат одговорот зошто тие глумат.
Истражувачите кои долго време се преокупираат со ова прашање, конечно дошле до одговорот. Речиси ¾ од жените лажирале оргазам од наједноставната причина – мажите ни најмлаку не се потрудиле да ги доведат до оргазам.
Исто така, повеќе од ¼ од жените глумеле за побрзо да го завршат сексот, бидејќи бил многу досаден или исцрпувачки, а дури 1% го прават тоа за да му ја подигнат самодовербата на партнерот.
За крај, само една причина нема никаква поврзаност со партнерот и неговите способности, а тоа е фактот дека жената не се чувствува пријатно во своето тело и смета дека не е секси, што е случај со помалку од 1/3 од жените кои глумат оргазам.