СОВЕТ ОД СЕКСОЛОГ

Како до најдобриот секс во 2017-та?

Нова година, нов потенцијал. Доколку сакате во 2017-ма да внесете нова енергија на сексуално поле, австралискиот сексолог, Ники Голдстеин, има неколку совети за вас со помош на кои ќе ги надминете препреките и лесно ќе може да имате одличен сексуален живот.

Повеќе интимни допири


- Стануваме хиперсексуално општество во кое допирот доаѓа на второ место. Повеќе допири водат кон поголема интимност и им помагаат на жените полесно да се возбудат. Затоа во новата година обидете се повеќе да се бакнувате и да внесете повеќе спонтани допири.

Заборавете на порното

Иако порното секогаш изгледа како забавна опција, истражувањата покажуваат дека гледањето на премногу содржини за возрасни го намалува задоволството за време на вистински секс.

Затоа едно од златните правила за одличен секс во 2017-та е помалку порно, повеќе вистински секс.

Експериментирајте

- Не плашете се да експериментирате со задоволството и да испробувате нови нешта. Истражувајте нови нешта затоа што уживате во нив, а не затоа што се табу кое што сакате да го испробате.

Лубрикантите како помошно средство

Наместо да користите скапи секс играчки за да го зачините својот сексуален живот, Голдстеин препорачува да се вратите кон основите на сексот.

- Користете повеќе лубрикант. Луѓето често мислат дека им треба лубрикант само ако не се возбудени, но во суштина сите би требало да го користиме. Болниот секс е еден начин преку кој нашето тело ни укажува дека не ужива. Понекогаш болката е предизвикана од недоволно подмачкување, што пак може да се реши со употреба на лубрикант.

Емоционално поврзување

Една од најочигледните причини поради кои немате задоволувачки секс со личноста со која што сте во врска е недостатокот од емоционална поврзаност.

-Дали има некое проблематично прашање надвор од креветот? Ако една двојка сè почесто го избегнува сексот, тогаш во позадина се крие некој емотивен проблем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби