ДАЛИ СТЕ ЗА МОНОГАМНА ИЛИ ПОЛИГАМНА ВРСКА?

Отворената врска ќе ви го промени сексуалниот живот... на подобро?!

Ако сметате дека отворената врска е само изневерување со дозвола, се лажете. Многумина кои искусиле отворена врска сметаат дека тоа е многу повеќе од секс. Под отворена врска се подразбира врска со повеќе секс, доверба, комуникација и секакви работи кои ги има моногамната врска, но со повеќе личности. Би се замислиле во таков вид на врска?

Освен животот, ќе ви се промени и сексот, односно ќе имате многу повеќе секс. Четири личности кои имале искуство со отворена врска, слободно објаснија на кој начин им се променил животот.



Твојот партнер може да те запознае со нешто што ќе го засакаш

- Не знаев дека сакам да играм улоги за време на секс или пак да си играм со сексуални играчки, додека мојата партнерка има секс со друга личност, изјави Лили која што вели дека со самото тоа што врската не им била повеќе моногамна започнала да прави работи кои всушност ги засакала.

Може да сте поотворени

Една од работите во кои ужива Метју е тоа што може да истражува некои сексуални задоволства кои би ги избегнувал ако бил во моногамна врска.

- Никогаш не би имал искуство со маж претходно, а на овој начин ја истражив и таа моја страна од сексуалноста.

Љубомората ја снемува

Со добра комуникација и јасно дефинирање на границите, го намалувате ризикот од повредување на нечии чувства или појава на љубомора. Метју вели дека гледал како сексот во тројка можело да предизвика љубоморни испади во една врска, но овој пат, откако е во отворена врска, партнерката многу полесно ги поднесува тие работи.



Може да чувствувате многу поголема слобода и моќ

- Имав две отворени врски на далечина и со само тоа што можев да бидам со други момчиња од мојот град додека имав секс преку Skype со моето момче направи да се чувствувам посакувана и моќна, изјави 25-годишната Еми.

Но, може да ви ги измеша обичниот секс и сексот со чувства

Токму тоа и се случило на Еми, која започнала да има чувства за луѓето со кои имала секс. Кога нејзиното момче се вратило од странство, врската ја завршиле, а таа започнала врска со некој со кој се гледала додека била во отворена врска.

Делењето на стан може да стане многу чудно

Живеењето под ист покрив со некој со кого сте во отворена врска може да биде многу покомплицирано, отколку кога сте во моногамна врска.

- Да делиш спална со некој кој е полигамен, може да биде вистински предизвик. Но, никогаш не знаеш на кој му припаѓа спалната и кој нареден ќе легне во неа, изјавил Метју.



Може да се најдете во непријатен разговор за употреба на заштита

Една работа е да се тестирате и двајцата партнери и да имате секс без кондом, но сосема друга работа е да имате незаштитен секс со повеќе партнери. Ако сте во отворена врска, најдобро е да користете кондоми и често да се тестирате.

- Не знаеше со кој сум била и јас не знаев со која бил. Заштитата стана неопходна, па баш поради тоа имаше некоја многу чудна енергија помеѓу нас, изјави Еми во врска со нејзините отворени врски на далечина.

Станувате поотворени при конверзација за секс

Ноа, изјавил дека моментот кога решил да биде во отворена врска со неговото момче му помогнало да има повеќе искрени конверзации за сексот, со што почнале да дознаваат повеќе работи еден за друг.

- Поотворени сме за тоа што сакаме, а што не. Веќе поудобно признаваме за што сме расположени и кои луѓе ни се допаѓаат.

Сексот ќе ти стане подобар

Благодарение на целата отворена врска, на разговорите за сексот, за границите и за вашата врска, токму сексот ќе стане многу подобар со вашиот партнер.

- Веќе немаме табу теми помеѓу нас и искрено си кажуваме за сѐ што сакаме, изјавил Ноа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби