ПОВРЗУВАЊЕ СО СИТЕ СЕТИЛА

Во што е тајната на тантричкиот секс?

Тантричкиот секс може да трае со часови и да доведе до неверојатни оргазми, кои се неспоредливи со оние кај класичниот секс. Примарната цел на овој вид на водење љубов не е постигнување оргазам, туку емотивно и физичко зближување со партнерот. Тоа е еден вид на интимност која дозволува двајцата партнери да станат како една личност и нивните енергии страсно да се соединат и да ја отстранат целата негативност.



Повеќето луѓе кои го искусиле овој секс, веќе не сакаат да се враќаат на стариот бидејќи класичното водење на љубов им станува многу површно. Велат дека овој начин на водење љубов може да трае со часови и да доведе до неверојатни оргазми, кои не ги искусиле никогаш со класичниот секс.

Тантричкиот секс е древна хиндуистичка пракса, во која потребно е да се почувствува партнерот, неговиот мирис, енергијата, да се внесат сите сетила.. на еден начин полека да се гради сексуална енергија.

За да го изведете овој вид на секс, потребно е да имате доволно време само за вас двајца и да создадете романтична атмосфера. Изгаснете ги сите светла, запалете свеќи и пуштете тантрична музика.


Опуштете се, дишете длабоко и гледајте се еден со друг во очи, бидејќи токму преку очите најмногу се поврзувате. Немојте да одете во спалната соба, бидејќи таа ве асоцира на спиење. Важно е да сте сконцентрирани на партнерот и тој на вас. Подобро легнете на под, еден до друг и полека допирајте се еден со друг. Може сензуално да се масирате, допирајќи се со пердув по кожата. Немојте да брзате, одложете го достигнувањето на оргазам што е можно подолго.

Традиционалната поза која се практикува во тантричкиот секс е т.н. Yab Yum поза и е одлична за зближување со партнерот. Мажот седи со прекрстени нозе, а жената седнува на него со лицето свртена кон него. Оваа поза е совршена бидејќи може да го гледате партнерот во очи, да го допирате, да го бакнувате, да го прегрнувате и да водите љубов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби