3 секс теми кои треба да ги дискутирате со партнерот

Кога се започнува една интимна врска, сите посакуваат истата да биде исполнета со добар и квалитетен секс.

Но, пред да се случи тоа мора да разговарате со партнерот на определени теми поврзани со сексот за работите да не отидат во погрешна насока.

1. Зборувајте за желбите, фантазиите и фетишот

Доколку секс играчките се дел од вашите желби или фантазии во сексот не треба да бидете срамежливи за да го кажете тоа. Според многу психолози, споделувањето на фантазиите со партнерот може добро да влијае во врската и во секс животот на двојката. Секогаш имајте ги на ум желбите на партнерот додека сте во спалната соба. Многу често кога се мисли на секс се мисли на вагинален секс, но тука спаѓаат и аналниот и оралниот секс. Имајте на ум дека секогаш отворениот разговор ги разрешува дилемите помеѓу партнерите и ги поставува границите до каде може да се оди, а до каде не.



2. Дискутирајте за вашите минати сексуални искуства и идните планови на таа тема

Секогаш е добро да го знаете сексуалното искуство на вашиот партнер. Со колку луѓе спиел и пред колку време. Добро е да се спречи отколку да се лечи. Подобро е врската и интимниот однос да ја започнете со сигурност и доверба од двете страни. Тука спаѓаат и идните планови околу оформување на семејство.  Подобро е да се користи заштита, отколку не планирано да станете родители. Таа тема е една од најважните животни прашања и не е во ред да се реши со замена на 10 минути слатко задоволство.

3. Бидете сигурни дека сте му единствени на вашиот партнер

Бидете сигурни дека сте ексклузивни за вашиот партнер т.е. дека помеѓу вас двајца не постои трета личност. Пристапете отворено доколку се сомневате во нешто. Доволно е малку да го познавате говорот на телото за да разберете дали вашиот партнер крие нешто или пак не. Кажете го вашиот став и идниот план, дали сакате само секс дружење или пак сериозна врска која има иднина.  Секогаш испробувајте нови работи не само во креветот, туку и надвор од него. Со тоа ќе ја разбиете монотонијата и партнерот ќе сфати дека навистина вреди да се биде со вас.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби