Кога сексот ни е најпотребен...

Во зимскиот период, особено за време на празниците, некако се се врти околу фамилијата, храната и честитките.

Сексуалниот живот како да го запоставуваме, а всушност тогаш ни е најпотребен, затоа што знаеме каков стрес ни предизвикуваат средбите со фамилијата. Исто така, добро е слободното време да го искористите за да го зачините сексот со вашиот партнер.

На кој начин да го постигнете тоа? Ние ви предлагаме неколку начини, а ваше е кои ќе ги примените.

Предизвик



Наместо да се нервирате што сте опкружени со родителите на вашиот партнер, па најверојатно ќе треба да спиете во дневна и да сте тивки, додајте и на ситуацијата доза хумор. Едноставно кажете дека ништо нема да ви го попречи сексот и уживањето во прегратките на вашиот сакан.

Треба да сте тивки? Супер! Баш тогаш ќе ви биде преубаво и нема да сакате да се воздржите, а во тоа е и убавината.

Сепак, возбудливо би било и ако треба да спиете во дневна, каде во секој момент некој може ќе сака да помине за да стигне до кујната или бањата.

Гледајте на тоа како предизвик, а не како проблем и уживајте во сексот до максимум.

Бидете креативни



Можеби нема да имате време од толку гости да уживате во секс, но затоа пронајдете начин. Додека таа се тушира, влезете со неа и уживајте во брз секс под туш или пак задоволувајте ја орално додека се подготвува пред огледало. На почеток можеби ќе ве одбива, но на крај ќе ви биде благодарна што сте ја опуштиле.

Испланирајте однапред



Ако одите на патување со децата и ја дочекате Нова година во некој далечен град, понесете секси долна облека, секси играчка или лубрикант. Никогаш не е доцна да му покажете на партнерот колку го посакувате сексот со него. Легнете ги децата и дозволете си ноќ за паметење.

Расположете го партнерот



Грижете се за него, помагајте му, допрете го за задникот, случајно удрете го  посилно или гризнете го за уста на поминување. Едноставно дајте му на знаење дека го чека нешто страсно вечерва и верувајте дека на крај тој прв ќе ви се пикне во прегратки, бидејќи нема да може да дочека.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби