Дали е безбедно да користите вибратор за време на бременоста?

За време на бременоста треба да внимавате на вашето тело колку што можете. Вашето тело во тој период не е само ваше, туку го користите заедно со уште едно човечко суштество.

Многу жени во тој период апстинираат од сексуален однос или пак ги известуваат своите партнери да бидат екстремно нежни со нив, но што е со маструбацијата? Дали е безбедно да се користи вибратор за време на бременоста?



Општо земено, безбедно е

Д-р Мајкл Ингбер од Центарот за специјализирано женско здравје вели дека општо земено сексуалната активност, предигрите и оргазмите се многу здрави во текот на бременоста. Вибраторот воопшто не се разликува од пенисот кој удира во грлото на матката. Всушност смета дека за време на оргазмот се ослободува окситоцинот кој предизвикува емоционални мисли и мајчински инстинкти.

Постојат ризици за жените со абнормалности

Во состојбата наречена placenta previa, плацентата се одвојува од ѕидот на утерусот и го покрива грлото на матката на жената. Д-р Ингбер објаснува дека во овој случај не само што не треба вибраторот да се најде во внатрешноста на вагината, туку не смее ниту пенис или прст да се најде во неа.



И жените кои имаат предиспозиции за предвремено породување треба да бидат подалеку од вибраторите

Ако некоја од претходните бремености завршила со предвремено породување на детето или пак сега ви е предвидено такво нешто треба да се држите подалеку од вибраторите. Дури и ако користите клиторичен вибратор кој не навлегува во вагината може да предизвикате проблем со оргазмот кој ќе го имате. При оргазмот се ослободуваат простагландини кои создаваат контракции, па жените кои се склони на предвремени породувања треба да се држат подалку од оргазми предизвикани на било каков начин.

Осигурајте се дека вашиот вибратор е чист

Дури и ако немате никакви ризици ако вашиот вибратор не е чист и е полн со бактерии постојат ризици за време на негово употребување. Вагиналните инфекции за време на бременоста се поврзуваат со предвремените породувања, но може да ве доведат и до други посериозни состојби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби