Стил / Афродизијак
Секс улоги
Една, можеби од највозбудливите игри на улоги во уметноста на водење љубов е идејата за доминација (господар-ка) и потчинетост (роб-инка). Самата помисла да се биде беспомошен или доминантен може да го доведе партнерот до оргазам уште пред да биде допрен.
Како да започнете:
Поставете ги правилата – пред да ја започнете играта треба да се договорите што е прифатливо и за вас и за вашиот партнер. Особено е важно вашиот партнер да ужива во тоа што го правите, во спротивно може да ја изгубите неговата доверба. Може вашиот партнер-ка не сака да биде плескана, па затоа подобро е однапред да прашате кои се неговите/нејзините преференции.
Довербата е клучот на успешноста во играта доминација/потчинетост. За да му ја дадете целосната контрола на вашиот партнер потребно е целосно да му верувате. Ова може да придонесе за создавање на вистинска интимност во вашата врска и да ве втурне во истражување на еден нов свет на емоции и сензации.

Улоги – најчеста машка сексуална фантазија е „Господарка и роб“, состојба кога мажот е пасивен, а жената ја презема иницијативата. Исто така може да изберете улоги на професор, шеф, доктор или друг лик кој би можел да контролира и да доминира врз потчинетиот партнер.
Безбедносните зборови се неопходни за да знаете кога да ја запрете играта за да ги поставите границите. Договорете се за збор или фраза со која и двајцата ќе знаете дека е крај на играта. Обидете се да употребите неутрални зборови како што се броеви или бои. Избегнувајте ги зборовите „запри“, „доста“, затоа што тие најчесто знаат да бидат дел од играта.
Идеа за секс -улоги
Побарајте вашиот партнер да клекне пред вас - Повеќето луѓе уживаат во потчинетоста и со клекнување, вашиот партнер ја изразува својата желба да ви се предаде и да ги следи вашите наредби. Чувството на беспомошност и ранливост може да биде возбудливо за вашиот партнер.

Избор на облека - Се разбира дека играта може да се игра и без кожна облека и секс играчки. Се разбира, употребата на секси облека (високи потпетици и црна долна облека) и алатки како што се јаже, лисици или превези може да ја направи играта уште пореалистична, а вие ќе бидете уште повеќе инспирирани за играње на вашата улога. Доколку вашиот партнер е потчинетиот може да биде потполно гол, така уште повеќе ќе се чувства беспомошно.
Ставањето превез врз очите на вашиот партнер, ќе ги направи останатите сетила поточни и поинтензивни, особено поради фактот што нема да може да види што планирате да му правите.
Со цел да го ограничите движењето на вашиот партнер може на рацете и на нозете да му ставите лисици, на тој начин ќе имате целосна контрола.
Казна и плескање

Нема потреба да го малтретирате партнерот за да го постигнете сексуално задоволство кое го дава плескањето. Тоа може да биде нежно плескање по бутините, тоа повеќе служи за визуелна стимулација отколку за нанесување на болка. Плескањето може да го правите со рака, но можете да ја зголемите возбудата доколку го правите со стап или со камшик.
Искористете ја моќта на зборовите
Зборувањето особено потпалува. Доколку ја имате доминантна улога треба да звучите заповеднички, да му дадете на знаење на партнерот кој ја има контролата. Користете кратки и јасни фрази за да ја дадете заповедта „Клекни“, „Лижи ме“ и онакви кои ќе ја изразат вашата волја во играта.
Ова е врвот на доминантно/почитувачката игра на улоги, додека оние кои сакаат садо-мазо треба да размислат за интензивирање на ова искуство. Како и да е, доколку од време на време уживате во доминантно/почитувачката игра, некои од наведениве сугестии може да ви помогнат во остварување на вашата сексуална фантазија и реализирање на вашето сексуално сценарио.
(Д.Т)
|