сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Стил / Афродизијак

Намалено машко либидо

Слабата желба за секс ретко се поврзува со мажите, за разлика од жените многу почесто им велат на своите сопрузи дека не се расположени за секс. Зошто мажите одбиваат да имаат секс и што да направите во таква ситуација?

Најчесто сексуалните проблеми на мажите се поврзани со слабата желба за секс на нивните партнерки, односно кога сакаат повеќе отколку што добиваат. Доколку се најдете во  обратна ситуација, односно жената да моли за секс, обично почнуваат да се јавуваат прашалници и се создава панична ситуација. Всушност, честа е појавата мажите да немаат желба за секс.

Една од причините за промената се  последните трендови на живеење. Денеска мажите го чувствуваат истиот притисок како и жените, односно тие веќе не се водени само од желбата за градење на кариера, туку и од потребата да бидат добри татковци и сопрузи. Не ли е изненадувачки што ваквиот голем притисок води кон промена на желбата за секс?

Друга причина е вообичаената, сепак погрешна, концепција дека мажите секогаш сакаат и се спремни да имаат секс, а дека кај жените расположението ја диктира желбата за секс. Но и мажите исто како и жените се под стрес и по завршувањето на работниот ден се чувствуваат уморно, па затоа треба да се земат и нивните емоции кога е во прашање сексот.

Повеќето жени кои се соочуваат со овој проблем, се обидуваат грешката да ја лоцираат кај себе, мислејќи дека нивниот партнер повеќе не ги доживува како атрактивни и оти веројатно имаат љубовна афера. Во вакви ситуации најдобро е да се разјаснат работите. Комуникацијата е добра само доколку не го обвинувате. Веројатно, најдобро би било да го прашате што го мачи. Кажете му дека е важно да знаете зошто се таквите промени и искрено кажете му како се чувствувате.

Можеби и тој е загрижен за таквите промени, а ситуацијата може дополнително да се комплицира доколку тој почне да го одбегнува сексот поради несигурноста во своите „перформанси“.

Пред се утврдете дали проблемот е физички, односно дали станува збор за ерективна дисфункција. Познато е дека речиси половина од мажите, барем еднаш во животот се нашле во таква ситуација. Нему може да му биде тешко да го прифати тој факт, сметајќи го тоа како знак на слабост. Дајте му ја својата поддршка и не го преувеличувајте  проблемот. Исто така не се препорачува да се обидувате да ја поправите ситуацијата фокусирајќи се на секс.

Губењето на либидото може да биде само една фаза, која минува како што стресот се намалува. Тогаш повторно ќе се вратат оние стари добри времиња. Имајте на ум дека во секое семејство, во одреден период имало проблеми со сексот, но бракот опстанал благодарение на тоа што партнерите имале желба да го решат проблемот преку разговор еден со друг.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Новата муза на Chanel No. 5
Chevrolet Corvette ZR1
Водете го партнерот низ сексот
Глина за убавина и здравје
Sang Noir Bugatti Vayron 2008
Крема за зголемување на гради
Пристојните момчиња попривлечни од убавите
Поддршка за машки девици
Храна што тера на секс
Повеќе Vs еден секс партнер
Секс во вода
Кратките здолништа причина за импотенција
Решете се од срамот и стравот в кревет
Намалено машко либидо
Секс улоги
Омрсете се со...
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи