сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Стил / Афродизијак

Решете се од срамот и стравот в кревет

Стравот и несигурноста од сексуалните перформанси честопати фрла сенка врз уживањето во сексот. Постојат разни причини поради кои може да се стегаме пред партнерот. Најчесто станува збор за комплексен проблем, поврзан со сликата која ја имате сами за себе, некое претходно или неугодно чувство кои сте го имале со партнерот.

Срамот и сликата за телото

Дали размислувате за водење љубов во темница. Повеќето мажи, а особено жени се срамат да се соблечат пред партнерот. Лошата слика за вашето тело може негативно да се одрази врз уживањето во сексот. Сметате дека вашето тело не е толку убаво како оние во магазините или на филмовите и поради тоа се споредувате со некои идеални тела. Ова е сериозна пречка за подобар секс. Кога партнерите се интимни, тие треба се да споделуваат.

Прв чекор за надминување на срамот е да се поврзете со негативната слика за вашето тело и да го смените начинот на кој размислувате. Треба да сфатите дека има жени со најразлични облини и големини, и дека вашето тело е индивидуално, ваше и само ваше. Може да почнете да водите поздрав живот, да вежбате, но најважно е да почнете да го сакате вашето тело.

Срамот и искуството

Непријатното искуство од минатото исто така може да биде причина за несигурност во своите перформанси во сексот, а несигурноста ве прави пасивни. Веројатно вашиот поранешен партнер бил премногу критичен за вашите секс вештини, тоа би требало само да ве поттикне дополнително да се зближите со сегашниот партнер. Недостатокот на искуство во сексот исто така е причина поради која може да се чувствувате непријатно во креветот на вашиот партнер.

Разговарајте со партнерот за вашите стравови и споделете емоции, само на тој начин ќе ве разбере поради кои нешта се чувствувате непријатно. Можеби треба да создадете поинтимна врска со партнерот и да ја зголемите меѓусебната доверба. Партнерот може да ви помогне да ги надминете овие проблеми, само доколку ве разбере во што е проблемот. Доколку не успеете да најдете заедничка почва и доколку вашиот партнер и понатаму ги игнорира проблемите кои ги имате, размислете два пати пред да легнете со него.

Срамот и вашиот партнер.

Сметате дека вашиот партнер е премногу искусен и се плашите дека ќе биде разочаран-а од вашите вештини. Ова може да биде проблем само кога сексуални желбите на вашиот партнер не кореспондираат со вашите. На пример, тој сака да сте доминантна в кревет, а вие уживате кога сте потчинета.

Доколку стравот ви е поврзан со недостиг на искуство, едноставно замолете го да ве води додека водите љубов, со зборови или со реакции, на тој начин ќе може уште подобро да го задоволите.

Тешко е да се справите во разлики во сексуалните преференции, а уште потешко е да се најдат двајца со буквално ист вкус за секс. Затоа, најважно е да најдете компромис, наместо да се чувствувате непријатно. Најдобро е да разговарате со партнерот и да му објасните зошто нешто ви се допаѓа, а нешто не ви се допаѓа в кревет. По разговорот може да ви се смени перцепцијата за одредени работи во сексот или да најдете компромис.


Наjновo од Стил
Новата муза на Chanel No. 5
Chevrolet Corvette ZR1
Водете го партнерот низ сексот
Глина за убавина и здравје
Sang Noir Bugatti Vayron 2008
Крема за зголемување на гради
Пристојните момчиња попривлечни од убавите
Поддршка за машки девици
Храна што тера на секс
Повеќе Vs еден секс партнер
Секс во вода
Кратките здолништа причина за импотенција
Решете се од срамот и стравот в кревет
Намалено машко либидо
Секс улоги
Омрсете се со...
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи