сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Стил / Афродизијак

Кратките здолништа причина за импотенција

Рускиот физиолог Леонид Китаев тврди дека мнозинството машки болести се предизвикани од жени кои носат провокативна облека и се однесуваат провокативно.

Како доказ го зема  честото разголување жените од западните земји и големиот процент на  импотенција кај тамошните мажи.

Според одредени истражувања, 80% од мажите над 60 години кои починале од некоја причина имале и проблеми со простатата.
Секој трет маж над 30 години во Европа и САД има проблеми со потенцијата и простатата.

Ситуацијата пак на Истокот е сосема спротивна.
Научниците кои сметаа дека тоа се должи на храната и климатските услови, не успеаа да ја докажат својата теорија.

Според Китаев, причината е очигледна. Модерните жени се повеќе се разголуваат за разлика од ориенталните кои носат долгата облека.

На улиците може да се видат премногу разголени жени. Мажите тоа го гледат и  имаат зголемен „апетит“. Но, апетитот е зголемен, ама не и задоволството кое го добиваат.

Каква врска има разголеноста со болестите?

-Може да се направи аналогија со фауната. Ако мажјакот е слаб, женката ќе го увиди тоа и ќе го одбие. Мажјакот нема да може да ја придобие, со што ќе се активира дефанзивниот механизам,  а преку тоа и проблеми со простатата и импотенција.

Денес, 70% од импотенцијата е резултат на одбивниот механизам кој доведува до стрес предизвикан од константно незадоволување на потребите. Оваа реакција е долготрајна.

Според тоа, жените всушност им копаат гробови на мажите со нивните голи нозе и мини здолништа.

Згодна девојка која оди на состанок ќе направи еден маж среќен,  а десетици мажи покрај неа ќе страдаат од нејзиниот изглед.

Во вакви случаии, стриптизетите се оружје за масивно уништување кој веќе го уништија здравјето на западните цивилизации.

Сексолозите креираа листа на активности кои предизвикуваат импотенција:

1. Интерент порнографија
2. Гледање еротика и порно на телевизија, ДВД, ЦД
3. Манијачко гледање во згодни жени по улици
4.Читање еротски списанија
5. Одење во стриптиз клубови

(Б.Т)




Наjновo од Стил
Новата муза на Chanel No. 5
Chevrolet Corvette ZR1
Водете го партнерот низ сексот
Глина за убавина и здравје
Sang Noir Bugatti Vayron 2008
Крема за зголемување на гради
Пристојните момчиња попривлечни од убавите
Поддршка за машки девици
Храна што тера на секс
Повеќе Vs еден секс партнер
Секс во вода
Кратките здолништа причина за импотенција
Решете се од срамот и стравот в кревет
Намалено машко либидо
Секс улоги
Омрсете се со...
Моми и момци
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи